(Видео) Морнар и куче преживеале три месеци на отворено море

Австралискиот морнар Тим Шедок, поминал три месеци на Пацификот преживувајќи со јадење сирова риба и дождовница.

Сега неговата здравствена состојба е добра, потврдил лекар, кој бил дел од екипата што ги спасиле морнарот заедно со неговото куче.

Шедок е од Сиднеј и има 51 година. Тој со неговото куче Бела во април тргнале од Мексико за Француска Полинезија. Меѓутоа, неколку недели подоцна невреме го оштетило нивниот брод.

Тим и кучето биле спасени од рибарски брод оваа недела откако биле забележани од хеликоптер.

https://youtu.be/9eELMRKhmVE

Шедок го започнал своето патување долго повеќе од 6.000 километри од мексиканскиот град Ла Паза. Но, набрзо тој се изгубил на океанот откако лошото време ја уништило електрониката на неговиот брод. Поради тоа тој и неговото куче Бела останале да пловат во Пацификот.

Тим бил пронајден покрај брегот на Мексико неколку месеци подоцна, ослабен и со долга брада.

„Поминав низ многу тешка ситуација на море. Само ми треба одмор и добра храна бидејќи долго време бев сам на море. Инаку, јас сум во добра здравствена состојба. Имам многу добри лекари, се грижат за мене многу добро“, рекол тој во видеото кое го објавиле „9Њуз“.

Шедок, на отворено море преживеал со помош на приборот за риболов.

Професорот Мајк Типтон, експерт за преживување на океани, вели дека среќата била само дел од неверојатната приказна на морнарот и кучето.

Австралиските медиуми ја споредија неговата приказна со холивудскиот филм „Cast Away“ со Том Хенкс во главната улога, каде што еден човек останува сам на остров по несреќа