Connect with us

Балкан

Отсечена човечка глава најдена во кеса за ѓубре!? Хорор во Крит

Уште едно грозоморно убиство во позната грчка туристичка дестинација го потресе светот. Грозоморното злосторство било случајно откриено за време на процесот на селектирање на мешан отпад во фабрика во Акротири на островот Крит.

Работниците кои го селектирале ѓубрето се згрозиле кога виделе како човечка глава испаѓа од кеса и веднаш ги известиле надлежните.

Локалните медиуми јавуваат дека прво се верувало дека станува збор за женска глава, но истрагата покажала дека се работи за глава на маж со темна кожа, најверојатно со азиско потекло, на возраст од 30-40 години.

Состојбата на телото сугерира дека грозоморното злосторство можело да се случи во последните десет дена.

Се верува дека останатите делови од телото се во други кеси. Полицијата во моментов се обидува да утврди кој камион ја донел кесата со глава, бидејќи во таа фабрика оди ѓубре од сите општини од Хање на Крит.

Покрај полицијата, во фабриката дошол и лекарски вештак, а треба да се напомене дека во полиција во последно време нема пријавено исчезнато лице.

Медиумите во Грција велат дека се очекува да биде особено тешко решавањето на злосторството поради затворената заедница на странци со азиско потекло кои се очекува да бидат цел на органите на прогонот.

Минатиот месец на островот Кос во Грција беше убиена 27-годишната туристка од Полска, Анастасија Рубинска.

Балкан

Евзони повторно блокиран: Грчките земјоделци го стопираат сообраќајот цел ден

Граничниот премин Евзони денеска повторно е во целосна блокада поради штрајкот на грчките земјоделци, кои со протестите го запираат сообраќајот за сите категории возила.

Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија, преминот ќе биде затворен во два термина: од 10 до 14 часот и повторно од 18 до 22 часот.

Блокадата предизвикува значителни застои и пречки за патниците и превозниците кои патуваат кон Грција, а засега нема најави кога ситуацијата би можела да се нормализира.

Continue Reading

Балкан

КФОР со засилени операции: Повеќе патроли и поголемо присуство ширум Косово

Мисијата КФОР соопшти дека значително го зголеми своето присуство и патролни активности низ Косово, како дел од редовните обуки и подготовките на своите единици.

„Ова ја демонстрира подготвеноста на КФОР да реагира на сите релевантни безбедносни настани кои би можеле да влијаат на безбедноста на Косово и на регионалната стабилност“, се наведува во соопштението на мисијата.

КФОР истакнува дека преку агилен и флексибилен пристап целосно го спроведува својот мандат согласно Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, со цел да обезбеди безбедна средина за сите жители и непречена слобода на движење. Мисијата продолжува да делува непристрасно и во тесна координација со Косовската полиција и Еулекс, во рамките на нивните надлежности.

Од КФОР додаваат дека нивните активности се интегрирани со напорите на меѓународната заедница, вклучително и поддршката на дијалогот Белград–Приштина што го посредува Европската унија.

Командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, останува во редовна комуникација со косовските безбедносни институции, со раководството на Еулекс, како и со началникот на Генералштабот на Војската на Србија.

Continue Reading

Балкан

Опасност од поплави во централна Грција: Жителите добија наредба за подготвеност и можни евакуации

Жителите на селото Иперија во регионот Лариса утрово добија официјално предупредување од грчките власти да се преселат во градот Фарсала поради сериозен ризик од излевање на реката Енипејас, објави „Катимерини“.

Цивилната заштита апелира до сите кои живеат во близина на речното корито да останат во состојба на целосна готовност. Истовремено, предупредувања за можна превентивна евакуација се издадени и во повеќе други населени места, меѓу кои Лефкија, Орфанаса, Ампелонас, Филос и Илиас.

Зголемените водостоји и опасноста од брзо и неконтролирано излевање на реката ја поттикнаа препораката жителите на Иперија навреме да се преместат во побезбедните делови на регионот. Властите ги повикуваат граѓаните внимателно да ги следат официјалните инструкции, да избегнуваат движење во близина на реката и да бидат подготвени за итна евакуација доколку ситуацијата дополнително се влоши.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг