Потпишан Општиот колективен договор – 130 илјади вработени во јавниот сектор од септември со 10 отсто повисоки плати

посочи, се прави системски исчекор во воведување на методологија за раст на платите која во себе ќе вклучува индексирање на платите по формулата просечна бруто плата помножена по коефициентот на сложеност која ќе стапи во сила од март 2025 година. 

Второто системско решение е воведувањето и во делот на исплатата на регресот за годишен одмор, односно К-15 кое во наредната година ќе изнесува најмалку 30 проценти од просечната нето плата.  

– Со цел наредната година животниот стандард на вработените во јавниот сектор да биде заштитен од евентуален инфлаторен бран согласно Колективниот договор се предвидува доколку инфлацијата надмине 3 отсто, тогаш ќе добие зголемување на платата кое ќе биде еквивалентно во процентни поени на нагорното нејзино отстапување од овие основни 3 отсто. Или, илустративно – ако инфлацијата изнесува 7 отсто, тогаш зголемувањето на платите ќе изнесува 4 отсто, појасни Битиќи.  

Повисоките плати во јавната администрација, според него, се клучни за подобруваање на квалитетот на услугите кои се испорачуваат кон граѓаните и бизнис секторот, поттикнување на продуктивноста и иноватиноста, намалување на корупцијата, промовирање на економскиот раст, привлекување професионалци и демонстрација на вредности и посветеност во заштитата и унапредувањето на јавниот интерес.  

Министерот за финансии Фатмир Бесими го оцени договорот како историски успех, со кој се вопставува здрава и солидна основа за економско-социјален дијалог меѓу Владата и вработените во јавниот сектор.

– На 130 илјади вработени им се подобруваат статусот и условите за работа, а со тоа ќе се подбрат и услугите што им се нудат на  приватниот сектор и на граѓаните. Целта е да подобрат условите за вработените во јавниот сектор и услугите што ги нудат. Со постигнатиот договор се зајакнува неависноста на јавниот сектор од политички влијанија, а платите ќе се уредуваат системски, рече Бесими, додавајќи оти се постигнува во време на сериозни кризи – економска, ковид, финасика, безбедносна.

Дел од синдикатите кои учествуваа во преговорите за општиот колективен договор, сепак, денеска не ставија потпис на договорот.