ПРИВЕДЕНИ СЕ БИЗНИСМЕНИ, ИНСПЕКТОРИ меѓу кои и ФУНКЦИОНЕРИ од огнената група

Нови ексклузивни детали пристигнаа до редакцијата на Инфомакс од МВР по однос на денешната голема полициска акција во Скопје.

Како што претходно објави Инфомакс во голема полициска акција се уапсени повеќе лица, меѓу кои има членови на таканаречената огнена група фракција на ДУИ. Покрај овие функционер уапсени се и бизнисмени и инспектори.

Лицата се уапсени за дејствија поврзани со данончни проневери и перење на пари.

-Утринава полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, при што веќе има приведени повеќе лица – бизнисмени, инспектори, меѓу кои и функционери на ДУИ. Со оглед на професиите на лицата кои се апсат, очигледно станува збор за криминални дејствија поврзани со даночни проневери и перење пари. Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси во координација со ОЈО ГОКК, а за детали околу кривичните дела на оваа организирана криминална група и приведените лица ќе информираат во текот на денот.

Инаку „Огнената група“ од ДУИ на чело со Изет Меџити најави почеток на процедурата за основање на нов политички субјект.

„Или ќе си одиме дома или ќе формираме ново политичко движење“, рече Меџити пред неколку дена, посочувајќи дека истото нема да биде класично.