КАТАКЛИЗМА СЕ СЛУЧИ И ВО ЗАГРЕБ: Расте бројот на загинати, снимките се застрашувачки (ФОТО+ВИДЕО)

Во невреме што вчера го зафати Загреб, загинати се три лица, а повеќе луѓе се повредени, изјави Љупка Хитрова од Институтот за обука на Итна медицинска помош на Градот Загреб.

Силно невреме пропратено со дожд и бурен ветер го зафати Загреб околу 16 часот.

-Двајца мажи загинаа како последица на паѓање на дрвја. Имаа повеќе повреди на главата – рече Хитрова.

Таа додаде дека во целиот град има голем број повредени, од кои некои тешко.

Поради невремето итната помош примила над 700 повици, меѓу кои и неколку пријави за повредени, а само пожарникарите имале 50 интервенции.

Во западниот дел на Загреб, голем градежен кран се урна под налетот на ураганските ветрови.

Тројца загинати, 50 повредени, 10 со тешки телесни повреди

Според последните информации, во Загреб има 50 повредени, од кои 10 се со тешки телесни повреди.

Во КБЦ Загреб хоспитализирани се две лица, едно дете и еден маж кој го скршил коленото.

Во Черничка Шаговина, недалеку од Нова Градишка, загина 40-годишен маж кога врз неговото комбе паднало дрво откорнато од невреме. Информацијата за смртта ја потврдија и од полициската управа Брод-Посавина. За жал, за овој човек немаше спас. И овој простор беше тешко оштетен во материјална смисла, ветерот корнеше дрвја, кршеше гранки, подигна покриви…