На позната плажа во Грција, Кристијан си пливал во плиткото, а потоа следувала шокантна глетка!

Кристијан Кастања пливал во морето во Грција, а потоа одеднаш почувствувал нешто необично на грбот. Станувало збор за октопод кој му се залепил и никако не се симнувал од неговиот грб!

На Фејсбук групата „Грчка инфо“, се појавило неверојатно видео од октопод залепен за грб на еден маж во Грција. Не се знае точно каде и како се случило ова, но италијанскиот државјанин, по име Кристијан Кастања, успеал добро да се снајде и покрај „неочекуваниот гостин“ на грбот, додека уживал на една од многуте прекрасни плажи во Грција.

Кога го забележал октоподот на неговиот грб, се обидувал да го тргне – но безуспешно, октоподот не се ни помрднувал. Потоа се приближиле похрабри луѓе и му помогнале, а кога Кристијан успеал да го симне од грбот, октоподот се префрлил на неговата рака.

Бројни се коментарите на Србите, корисниците на социјалните мрежи и членовите на гореспоменатата група на „Фејсбук“. Повеќето навеле дека немало да издржат ниту 10 секунди доколку им се случело тоа што му се случило на Кристијан.

„Не дај Боже“, „Точно би умрела“, „За 10 секунди би била на другиот свет“ … „Секој ден во секој поглед имам сè помалку желба да одам на море“, „Ах, мајко мила! Ако ја преживеам Грција! Каде е ова?“, гласеле дел од коментарите.