Запален приватниот автомобил на Артан Груби

Непознати сторители рано утринава го запалиле приватниот автомобил на првиот вицепремиер во македонската Влада Артан Груби.

Весникот „Коха“ објави дека опожарувањето се случило ноќеска по 3 часот, на улица „Струмица“ во скопската општина Чаир.

Од објавените снимки на некои медиуми се гледа дека опожарувањето се случило само на предниот дел од возилото.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека пожарот настанал околу 03:30 часот.

-Денеска (22.07.2023) во СВР Скопје е пријавено дека околу 03.30 часот на ул.”Струмичка” настанал пожар во патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л.(35) од Скопје. Пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а увид изврши увидна екипа на СВР Скопје, изјавија од МВР.

Фото: Архива