Ако Груби лаже за Аудито, за што друго лаже ???

Во саботата беше запалено возилото на вицепремиерот Артан Груби. Запаленото „ауди“, според него, не е негово, туку на пријател. Но, доколку Груби не ја кажува вистината и прикрива имот, еве што вели Кривичниот законик, поточно, членот 359а, став 2.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки открива уште една нелогичност во случајот со запаленото возило „ауди’ кое – бе било во сопственост на првиот вице премиер но кое тој го користел:

„Ако запаленото возило на Артан Груби не било во негова сопственост, туку се водело на име на фирма Еуроком или на комшијата, а Груби само го користел, тогаш кој е тој што дозволил на возило кое не е во сопственост на МВР или на друг државен орган, да се стават флешери и звучна сигнализација?

Министре Спасовски, Вие ли одобривте да се стават флешери на приватно возило на фирма, кое според медиумите, но и според Крешник Бектеши и Бујар Османи е во сопственост на вицепремиерот? Зошто не ја кажете вистината?

По кој закон, уредба или правилник е тоа направено? Уште колку такви возила со предимство на минување на име на приватни фирми или на комшии имаме во државата“, праша Ковачки.

За инцидентот со опожареното возило во скопската населба Чаир на својот фејсбук-профил Артан Груби најпрво им се извини на соседите и потврди дека приватно го користел аудито на соседот:

„Им се извинувам на сите мои соседи во мојата населба за големото вознемирување синоќа пред нашата зграда само поради мојата професија. Исто така, им се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија. Во политиката сум за да служам и да оставам трага со работа и дела, а не да ми се тероризира семејството, соседите и пријателите”, напиша Груби.