Грција преживува ПЕКОЛ – Четири грчки острови во пламен, од вчеравечер и Крф (ВИДЕО)

Над 17 села во североисточниот дел на Крф, седум во јужниот дел на грчкиот остров Евија и две во северниот дел на Пелопонез, превентивно беа евакуирани во текот на ноќта поради големите пожари активни од вчера, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките пожарникари ширум земјата ќе поминат уште една ноќ во борба со огнените елементи, бидејќи освен во првите редови на Родос, огромни пожари избувнаа и во Каристос, Крф, Ахаја, објави „Катимерини“.

Шеесетина лица се евакуирани од плажата Нисаки на северозападниот брег, соопшти грчката крајбрежна стража. Во евакуацијата учествуваа шест бродови на крајбрежната стража и девет приватни бродови и чамци.

Крф е втор остров во Грција популарен меѓу туристите кој е зафатен од огромни пожари.

Пожари беснеат на островот Родос, а голем број жители и туристи беа евакуирани со приватни чамци од плажите бидејќи пламените јазици ги загрозиле одморалиштата и крајбрежните села.

Околу 19.000 гости и жители се евакуирани од Родос.

Пожарникарите во текот на ноќта се обидув аа да стават под контрола 82 шумски пожари низ Грција, од кои 64 започнаа во неделата, најтоплиот ден од летото досега, јави Катимерини.