Македонија
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Лозана е потпишана декларација по која е извршена грцизација на Егејска Македонија, во Прилеп почина М.А.Ченто
Со декларацијата што е донесен во Лозана, на денешен ден пред 96 години, е отворен патот за драстична промена на етничката слика во Егејска Македонија, што подоцна и се случи. На денешен ден, пак, пред 62 години во Прилеп почина Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Македонија, откако 9,5 години мина во затворот Идризово поради македонски патриотизам – пишува Денешен.мк
На 24 јули 1923 година, Грција, Турција и сојузничките сили во Првата светска војна ја потпишале Лозанската декларација, врз основа на која било извршено принудно иселување на христијанското население од Турција во Грција и обратно на муслиманското население од Грција во Турција. Со оваа декларација најмногу на удар беа Македонците, зашто со размената на население во голема мера е изменет националниот состав на населението во Егејска Македонија, на штета на Македонците.
Потпишувањето на Лозанската декларација следувало по конференцијата која била одржана од 20 ноември 1922 до 24 јули 1923 година. Кралството СХС не го потпишало Лозанскиот договор, туку со Турција потпишале посебен мировен договор.

Политиката на етничко чистење на македонскиот народ се интензивирала со Лозанскиот мировен договор. Co тој бран на преселба од Турција во Грција дошле еден дел Грци, но и други етноси со христијанска вероисповед. Грција спроведува колонизација со цел да се смени традиционалниот етнички состав на населението во Егејска Македонија. Врз основа на надворешната колонизација биле доселени 565.143 лица, грчко и негрчко христијанско население.
Освен тоа грчките власти вовеле забрана за употреба на мајчиниот јазик, забрана да се пеат македонски песни, менување на сите натписи во црквите и на гробовите, промена на лични и фамилјарни имиња во грчки, преименување на имињата на села, градови, реки и планини, ограничување на вработување во админстрацијата и отпуштање од работа на активисти кои се залагале за правата на македонското малцинство.
По затвор во Идризово почина првиот претседател на Македонија
На 24 јули 1957 година во Прилеп умрел М. А. Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. Во 1946 година со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години. Умре како маченик, а рехабилитиран е во октомври 1990 година. Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година.
Поради неговата функција претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто често се именува и како прв Претседател на Македонија.

(М.А.Ченто со семејството)
Тој е син на Андон, кој бил по потекло од прилепското село Леништа, и Захарија (Зака), која била по потекло од прилепското село Плетвар. Во младоста бил одличен гимнастичар, завршил средно трговско училиште во Прилеп и во 1926 година отвориле бакалско-угостителски дуќан со што си обезбедил пристојна егзистенција. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова што предизвикало бурни реакции во конзервативната прилепска средина. И, по враќањето во Прилеп, на 5 мај биле казнети со по 20 дена затвор поради вонбрачно живеење. Со Василка, Ченто има четири деца, а нивниот најстар син, Илија Андонов – Ченто, во 1990-те напишал биографија за својот татко.
Ченто ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Учествувал на изборите во 1935 година како заменик кандидат, а на изборите во 1938 година и како кандидат на листата на Здружената опозиција, бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добива најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем.
Организатор на Илинденските демонстрации
Ченто бил еден од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп (1940), за што бил затворен во затворот во Велика Кикинда. Во 1940 година се залагал за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно бил затворен и интерниран во Баина Башта. Тој бил осуден на смрт, дури и бил одведен на стрелање, но бил ослободен во последен момент на 15 април 1941 година.
Пред Втората светска војна повеќе пати бил претставник на прилепскиот трговски еснаф, а во периодот 1935 – 1940 бил претставник на прилепските трговци во Индустриско-трговската комора во Скопје, каде што јавно истапил пред нападите на српската влада дека народот во Македонија не е благодарен на сите добродети што ги направила владата, велејќи дека доколку Македонија им се остави на Македонците, тие од нејзе ќе направат цветна градина и развиена економска земја. За ваквите изјави бил известено Белград од каде биле оценети како сепаратистички и автономистички. Ченто бил многу почитувана личност во прилепската чаршија.

Уште на почетокот на бугарската окупација, на 26 април, Ченто добил покана да соработува со бугарските окупаторски власти. Тој ја одбил поканата и наместо тоа одбрал да соработува со тие што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори кои ги замениле српските. Бугарските власти во 1942 година го интернирале прво во селото Мелницаф, близу бугарско-турската граница, а потоа во логорот Чучулигово, Петричко во Пиринска Македонија.
По неговото ослободување од интернација, Главниот штаб на НОВ и ПОМ на 21 август 1943 година му испраќа писмо во кое го повикува да се приклучи на НОБ. Во септември се среќава со својот сограѓанин Кузман Јосифоски – Питу, по што Ченто се приклучил на НОБ.
Како дел од Одборот учествува во подготовките и организацијата на свикувањето на АСНОМ. На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржала на 24 јуни при што македонската делегација го поставила прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата.
По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу АСНОМ и на 2 август се одржува Првото заседание на кое Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија).
За време на извршување на својата функција, Ченто бил многу почитуван од народот зашто се залагал власта целосно да биде народна и народот да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегува во институциите.

Првите несогласици на Ченто со комунистите, особено со Светозар Вукмановиќ – Темпо, почнале многу брзо по неговото преминување на слободна територија.
По ослободувањето на Македонија несогласиците со тогашниот македонски врв продолжиле. Ченто бил против тоа 15 македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залагал за обединување и поголема самостојност на Македонија, а бил против враќање на имотот на избеганите српски колонисти од Мекдонија и се залагал за поголема финансиска независност и за сопствен буџет на Македонија. Комунистите полека му ја одземале реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземале комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесол оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.
Неправдата кон Ченто е исправена по 44 години
Сакал да се повлече од политиката и мирно да живее во Прилеп, но на 14 јули бил уапсен пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него било покренато обвинение, а на 19 ноември бил изведен пред суд во состав: Панта Марина (претседател), а Лазар Мојсов и Коле Чашуле, членови. Судењето траело доста кратко и по два дена, на 21 ноември, Ченто бил осуден на 11 години затвор. Казната ја издржувал во скопскиот затвор Идризово, каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража. Му биле дозволувани само 30 минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и да потпише дека згрешил и дека се покајува, а потоа животот да му биде целосно обезбеден. Но, Ченто ја одбивал оваа непристојна понуда од комунистичките власти.

По поминати речиси 9,5 години во затвор условно бил пуштен на 4 септември 1955 година, со длабоки траги од затворскиот живт врз неговото здравје. Побарал од Тито да му дадат пасош за да замине да се лекува во Швајцарија, но бил одбиен и починал на 24 јули 1957 година во својот дом во Прилеп.
Но, и по излегувањето од затворот не се откажал од идеите за самостојна и обединета Македонија.
Долги години по смртта, Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго контролирани. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија, бил обновен судскиот процес против Ченто и на 22 октомври, по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укинал пресудата од 1946 година.
На 22 октомври 2010 година, Претседателот на Република Македонија постхумно го одликувал Ченто со Орден на Република Македонија.
(Д, Г.)
You may like
-
Горно Врановци и заборавениот хотел – Прозорец кон минатото на Македонија
-
На Бугаринот Виктор Стојанов изречена му е доживотна забрана за влез во Македонија
-
Анастасија ја претставува Македонија пред светот на најубавиот можен начин (ВИДЕО)
-
Македонците наведени како посебен народ во Царска Русија: Објавени документи од 18 век
-
Извикуваа “Македонија, Македонија…” и делеа знаменца, дечињата од прилепските градинки како никој досега го одбележаа Денот на независноста (Фото галерија)
-
Училиште во Турција го доби името “Македонија” – како знак на благодарност за помошта дадена за справување со последиците од земјотресот (ФОТО)
Македонија
Македонските деца сè порано пробуваат цигари и алкохол: Првата цигара на 9 години, алкохол на 13
Резултатите од најновото истражување ЕСПАД 2024, презентирано од Институтот за јавно здравје, покажуваат загрижувачки тренд кај македонските ученици – дел од децата ја запалуваат првата цигара уште на деветгодишна возраст, додека првиот контакт со алкохол најчесто се случува околу 13 години.
Истражувањето било спроведено во 96 средни училишта со повеќе од 2.800 ученици и укажува и на значителен пораст на употребата на електронски цигари. Повеќе од една четвртина од учениците пробале е-цигари, а секој десетти ги користел во изминатиот месец.
Алкохолот останува најраспространета психоактивна супстанца меѓу адолесцентите, при што момчињата почесто пријавуваат рана употреба, интоксикација и тешко епизодно пиење. Речиси третина од учениците првпат консумирале алкохол на 13 години или помлади.
Иако помал обем се регистрира и употреба на седативи без рецепт, канабис и коцкање, овие појави се особено присутни кај машката популација. Надлежните институции предупредуваат дека овие трендови бараат засилени и современи превентивни мерки.
Од Министерството за образование и наука информираат дека училиштата веќе спроведуваат програми за превенција на злоупотреба на психоактивни супстанци, а од оваа учебна година е воведен и изборен предмет за здравствена писменост. Институтот за јавно здравје нагласува дека резултатите од ЕСПАД треба да послужат како основа за подобрување на политиките и заштита на здравјето на младите.
Македонија
АХВ засилено ги контролира детските новогодишни пакетчиња: дел од нив повлечени поради неточни декларации
Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за да ја провери безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Контролите беа извршени во магацини за пакување, маркетите и продавниците кои ги пласираат овие производи.
Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите и непотполни декларации, инспекциските служби издадоа 4 решенија за повлекување на пакетчиња од промет. Дополнително, двајца оператори со храна добија наредби за ставање на комплетни збирни декларации на пакетчињата.
Од спроведените 262 инспекциски надзори, не се изречени парични казни и не е поништена ниту една храна како небезбедна. Во споредба со ланската сезона, кога беа утврдени сериозни неправилности како погрешни ознаки, истечен рок на употреба и промени во својствата на производите, годинава се забележани само минимални недоследности кај операторите.
АХВ најавува дека контролните активности ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се осигура безбедноста на детските пакетчиња.
Македонија
Итни мерки против аерозагадувањето активирани и во Скопје
По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки за справување со аерозагадувањето се активираат и во Скопје, откако мерните станици регистрираа надминување на дозволените концентрации на штетни честички во повеќе скопски општини. Зголемената магла дополнително ја влошува состојбата, а високи нивоа на загаденост се забележани и во други градови низ државата.
Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше протоколите за заштита на јавното здравје, со посебен фокус на заштита на најранливите категории граѓани.
Согласно владините мерки, работодавците имаат обврска да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, како и лицата кои прележале миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.
Лекарите, особено пулмолозите, апелираат граѓаните да го ограничат престојот на отворено на минимум, доколку нема итна потреба. Според нив, најкритични се раните утрински и доцните вечерни часови, кога концентрациите на загадувачки честички се највисоки. Доколку е неопходно движење, се препорачува користење на јавен превоз наместо сопствени возила.
Надлежните институции ги повикуваат граѓаните редовно да ги следат препораките и официјалните соопштенија сè додека трае епизодата на загаден воздух.
Трендинг
-
Црна Хроника7 days agoХорор на патот Охрид–Струга: Возач двапати тргнал кон полицајци и успеал да избега
-
Црна Хроника7 days agoДрама на автопатот Тетово – Гостивар: Ги пресретнале со ротација им го пресекле патот, па ги истепале
-
Црна Хроника4 days agoКривична пријава за командир и полицајци – МВР со детали
-
Црна Хроника7 days agoКривични пријави против полицајци од Штип – МВР со детали
-
Република4 days agoУтре дел од Тетово и три тетовски села без електрична енергија
-
Црна Хроника5 days agoХорор во Тетовско: Физички нападнати полицајци
-
Македонија4 days agoСреќни вести за пензионерите: Еве кои ќе добијат 6.000 денари за празниците
-
Црна Хроника2 days agoПолициска акција во Штип: Лишени од слобода неколку полицајци















