ФОТО: Ивана си „фати“ уште еден капиталец!

Инфлуенсерката и навивачка Ивана Кнол (31) повторно ужива во специјалното друштво. Со насмеано лица таа позираше со пензионираниот кошаркар Шекил О’Нил (51) во ноќен клуб на Миконос, Грција.

Судејќи по насмевката на лицето, Ивана добро се забавувала во клубот со кошаркарот висок преку два метра, а за тоа се пошегува и на социјалната мрежа.

„Шек не се вклопува во фотографијата“, напишала Кнолица под фотографијата што ја објави на Инстаграм во вторникот.

Згодната навивачка носеше тесен црн топ со шлицови во кои едвај ги „стискаше“ бујните гради, додека Шекил позираше во сива долга кошула.

  • И двајцата сте неверојатни и големи познати фаци“, коментираше обожавателката на Ивана под фотографијата.

Да потсетиме, Кнол е редовно активна на социјалните мрежи, а најчесто објавува разголени фотографии на кои сака да ги истакнува своите најсилни атрибути. Често патува и запознава многу светски ѕвезди. Покрај О’Нил, Ивана се запознала и со норвешкиот фудбалер Ерлинг Браут Халанд, актерите Џејми Фокс и Леонардо ди Каприо, раперот Дрејк и моделот Наоми Кембел.