ВИДЕО: Како специјалците апсеа на Градски

Уште нестартуван натпреварот меѓу Шкупи и Левски на арената „Тодор Проески“ во Скопје, веднаш инциденти околу најголемиот македонски стадион.

Навивачите на Левски уште со самото влегување на стадионот почнаа со навредливи слогани и извици со провокации кон дел од навивачите на македонската екипа кои пристигнуваа на стадионот, поради што мораше да интервенира и полицијата.

„Уби, уби Шиптара… Ова е Бугарија… Цигани…“ – се дел од навредливите слогани упатени кон играчите на Шкупи кои во моментов се загреваат во очекување на натпреварот.

Инциденти уште пред да почне натпреварот меѓу Шкупи и Левски

Сето тоа предзвика и реакција на македонската полиција која мораше да скроти дел од навивачите на Левски кои ја напуштија својата предвидена зона на Источната трибина, па следеа и апсења за дел од најагресивните навивачи на бугарската екипа.

МВР во врска со фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК Шкупи од Скопје и ФК Левски од Софија, информира дека приведени се 19 навивачи од Република Бугарија, поради нарушување на јавниот ред и мир пред и за време на натпреварот.

-Од нив, осум лица се приведени за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, посочуваат од МВР.

Околу полноќ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода и двајца навивачи на навивачката група на ФК Шкупи, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. И тие се приведени и ќе се соочат со законски предвидените поднесоци.