Паника на плажа: Од водата излезе „чудовиште“ од четири метри, сите се разбегаа (ВИДЕО)

Посетителите на плажа ги фати паника кога на брегот се појави огромна риба, за која се верува дека ги напушта длабочините на морето само пред катастрофа.

Таканаречената веслачка риба се смета за предвесник на катастрофа поради нејзината наводна поврзаност со земјотреси. Суштеството долго четири метри очајно се обидувало да дише низ жабрите кога било надвор од водата, но посетителите на плажата Чанкас во Пунта Сал, Перу се обиделе да ѝ помогнат да се врати во морето. И покрај сите напори на локалното население, рибата угинала.

ALERT! Oarfish Appears on Tumbes Beach in Perú

Некои жители биле премногу загрижени за да останат на плажата бидејќи се плашеле дека земјотрес ќе се случи за неколку минути. Сепак, ништо страшно не се случило, но земјотреси биле забележани неколку дена откако била забележана рибата.

-Рибарите не се плашеа да ја допрат и се обидоа да ја вратат во морето, сепак, таа беше предодредена да умре – вели еден од жителите на градот.

На видеата и фотографиите може да се видат двајца мажи како ја повлекуваат долгата риба назад во водата пред голема група набљудувачи, меѓу кои и десетици деца.

– Веќе е познато дека во овие времиња се случуваат катастрофи и дека многу од нас ќе настрадаат поради тоа – наведува еден корисник.

– Овие риби се синоним за земјотреси и цунами. Треба да размислите за тој последен земјотрес кај брегот на Ел Салвадор – предупредува друг корисник.

– Ова не значи дека доаѓа катастрофа. Станува збор за длабочински риби кои доколку се повредени или пред умирање доаѓаат на брегот – продолжи трет корисник.

Рибарите рекоа дека тоа е вториот примерок на веслач што го пронашле на плажата во последните месеци. Таа претходно се појави на плажа за време на циклонот во март.

Поради нивната големина и форма, веслачите наликуваат на морски змии и се сметаат за предвесници на земјотреси и несреќи во јапонската митологија. Митот повторно се разгоре во 2011 година по земјотресот и цунамито во Јапонија. Непосредно пред катастрофата, најмалку десетина од ретко видените риби излегле на брегот на Јапонија околу 2009 и 2010 година.

Геофизичкиот институт на Еквадор соопшти дека митот нема валидност во ниту една научна студија.

Рибата се смета за една од најдолгите во океанот и може да достигне должина од 17 метри и тешка повеќе од 200 килограми. Нивните тела се без крлушки, но нивната кожа има лигава сребрена заштитна обвивка позната како гванин.

Нивните грбни перки започнуваат меѓу очите и стигнуваат до опашката.

Поради неговата способност да се приспособува на различни температури, го има во поголемиот дел од светските океани, со исклучок на половите. Живеат на длабочина до 1.000 метри.

Одвреме-навреме завршуваат на плажите по невреме или кога ќе добијат сериозни повреди, објави британски Мирор.