Во виолетова маица, црни панталони и патики, се појави вицепремиерот Артан Груби на граничниот премин Ќафасан. Тука го чекаа премиерот Еди Рама со делегација од Албанија.
Во очи падна маичката на Груби и лежарниот стил наспроти колегите политичари помеѓу кои премиерот Димитар Ковачевски, премиерот на Албанија Еди Рама, диркеторот на царина Стефан Богоев кои беа облечени во костуми.
Не е тајна дека Груби помеѓу политичарите секогаш се одвојува со стилот на облекување. Во неговиот стил бојата на вратоврската секогаш ја комбинира со бојата на чорапите.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници А.А., на работно место во ПС од ОН Гази Баба, А.А. на работно место во ПО Арачиново, Б.Џ., на работно место во ПО Арачиново и В.С., на работно место во ПО Арачиново при СВР Скопје за кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353 од КЗ и за едно кривично дело „измама во службата“ по член 355 став 1 од Кривичниот законик против полицискиот службеник Б.М., на работно место во ПС од ОН Гази Баба при СВР Скопје.
Првопријавениот, како заменик командир на ПС од ОН Гази Баба ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што како раководител со несоодветно водење на евиденција за распоред на работа, спротивно на подзаконски пропис со кој се пропишува начинот на евидентирање на реализираните часови на вработените во Министерството за внатрешни работи на 12 полициски службеници- вработени во ПС од ОН Гази Баба им овозможил да се стекнат со право за исплата на бонус плата во 2023 година и без да ги исполнат условите утврдени со Законот за работните односи на секој поединечно им била исплатена бонус плата во износ од 36.614 денари или вкупно 439.368 денари, во кој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.
Второпријавениот, како командир на ПО Арачиново, третопријавениот како инспектор во ПО Арачиново и четвртопријавениот како инспектор во ПО Арачиново со несоодветно водење на евиденција за распоред на работа, спротивно на подзаконски пропис со кој се пропишува начинот на евидентирање на реализирани часови на вработените во Министерството за внатрешни работи, ја злоупотребиле службената положба и овластување на начин што на седум полициски службеници вработени во ПО Арачиново им овозможиле да се стекнат со право за исплата на бонус плата во 2023 година и без да ги исполнат условите утврдени со Законот за работните односи на секој поединечно им била исплатена бонус плата во износ од 36.614 денари или вкупно 256.928 денари, во кој износ го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи.
Петтопријавениот како вработен во ПС од ОН Гази Баба како службено лице со намера за себе да прибави противправна имотна корист поднел своерачно потпишана изјава со лажна содржина, во која изјавил дека има остварено повеќе од 150 часа прекувремена работа и немал повеќе од 21 ден отсуство од работа во текот на 2023 година, по што му било изготвено решение за утврдено право за исплата на бонус плата во висина од една просечна нето плата во износ од 36.614 денари без да ги исполни предвидените услови утврдени со закон, во кој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против именуваните полициски службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување на работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапка.
Групацијата 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), каде го изразува својот интерес за обезбедување на достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во Македонија. Овој чекор, велат од групацијата, преставува значителна пресвртница во плановите на 4iG за да придонесе во модернизација на телекомуникациската инфраструктура во земјата и да внесе засилена конкуренција во секторот. Во текот на следните месеци, компанијата ќе соработува со AEК за достапноста на радиофреквенциите, да се обезбеди усогласување со регулаторните рамки и да се продолжи со долгорочната стратегија за развој во регионот.
Од Групацијата велат дека ја имаат поддршката од македонската Влада, којашто очекува со доаѓањето на нов оператор да се зголеми пазарната конкуренција, да го подобри квалитетот на телекомуникациските мрежи, и со тоа да се забрза дигитализацијата на земјата.
Која е понатамошната процедура?
Покрај тоа што „4iG“ регистрираше компанија во Македонија битен предуслов за да се започне постапка за доделување на радиофреквенции, во согласност со Законот за електронските комуникации (ЗЕК) е да се поднесе официјално Писмо на намера до АЕК, велат од Агенцијатапреку изјава за „Локално“. Писмото е поднесено на 17-ти декември и во согласност со ЗЕК, следен чекор е да се објави од страна на АЕК, јавна расправа која не може да трае пократко од 30 дена, на која сите заинтересирани страни ќе го изразат својот став.
-По завршувањето на Јавната расправа, АЕК треба да ги објави резултатите и својот став. Во зависност од исходот на Јавната расправа постапката понатаму продолжува со Јавен тендер или со Јавен тендер со јавно наддавање. АЕК веднаш може да ја отвори Јавната расправа по поднесената Намера, но треба да се има предвид дека во намерата најпрво се бара да се организира состанок помеѓу 4iG и АЕК кој би требало да се реализира после 20/01/2025. За очекување е јавната расправа да се отвори на почетокот на февруари 2025, потенцираат од АЕК.
Од АЕК се децидни дека има простор за трет мобилен оператор во Македонија. Оттаму посочуваат дека ако се мисли на радиофреквенциски ресурси, АЕК веќе презеде низа регулаторни мерки уште по спојувањето на ВИП и ОНЕ во „Оне.Вип“ во кое се случи кон крајот на 2015 кога пазарот за влез на нов оператор беше практично затворен.
-Од 2017 скоро во сите радиофреквенциски опсези АЕК предвидел сосемо доволно радиофреквенции за влез на нов оператор. Ако се мисли на пазарни услови, секако дека и тие ги има. Многу држави во Европа кои се по големина и географска конфигурација слични или дури и помали од Македонија имаат по најмалку три мобилни оператори. Такви се: Словенија, Косово, Црна Гора, Малта, Кипар, Фарски острови,… Во моментов во Европа само Македонија и Албанија од неодамна, се држави со само два мобилни оператори и на мапата на Европа се обележани со црна боја поради недоволно развиена конкуренција во оваа област. Останати придобивки би биле следниве:
Македонија ќе добие трет мобилен оператор, ќе се зголеми конкуренција, односно ќе се задоволат потребите на македонското општество, ќе се зголеми квалитетот на мрежи/услуги за подобра цена, негативниот извештај на ЕК во овој дел ќе се корегира, ќе се обезбеди стабилен телекомуникациски сектор, ќе се обезбеди работа за најмалку 300 подобро платени работни места, младите инжинери ќе останат во Македонија, ќе се обезбеди работа за 30-50 македонски компании што ќе донесе додадена вредност во македонската економија. Европа ќе ја добие прватa 5G SA (Stand Alone) мрежа, а со тоа Македонија ќе стане лидер во Европа, појаснуваат од државната агенција.
Во одговорот од АЕК се истакнува дека за очекување е да се појави интерес кај граѓаните, но прво треба да има понуда, а интересот секако ќе дојде сам по себе имајќи ги предвид карактеристиките што таа 5G NR SA мрежа ќе ги понуди.
Дека на Македонија ѝ е потребен трет мобилен оператор уште поодамна порача министерот за транспорт Александар Николоски. Тој вели дека на македонскиот пазар постои дуопол и треба да се бараат мерки за да поевтинат услугите за граѓаните но и за бизнисите. Министерот како причина за воведувањето на трет оператор ги наведе цените на мобилната, кабелската телевизија и интернет-услугите кои во земјава се повисоки од најголем дел од европските држави.
На 18 октомври групацијата соопшти дека по неколку успешни аквизиции во Албанија и Црна Гора, 4iG Group започнала со подготовки за влез на пазарот, со основање на подружница „ONE Macedonia Telecommunications“.
-Со одлука на Одборот на Групацијата донесена минатиот петок, новата компанија ќе биде основана од Antenna Hungária Zrt., дел од 4iG Group, под којашто е телекомуникациското портфолио на инфо-комуникациската групација во Унгарија и во Западен Балкан. Регистрацијата на компанијата е завршена, а со формирањето на оваа компанија, 4iG Group има за цел што поскоро да влезе на телекомуникацискиот пазар во Северна Македонија, соопшти тогаш групацијата.
На пазарот на мобилни комуникации во државата активни се два мобилни мрежни оператори, три виртуелни мобилни оператори и еден оператор препродавач. На пазарот на мобилна телефонија се регистрирани 2.074.021 активни претплатници, во кои мрежните оператори А1 Македонија и Македонски Телеком имаат удел од по 47,62 односно 47,24 проценти.
Влезот на трет мобилен оператор се смета за позитивен потег кон поголема конкуренција и подобрување на стандардите во мобилната индустрија во Македонија. Граѓаните со нетрпение очекуваат да видат како оваа промена ќе се одрази на нивните секојдневни животи и на општеството во целина.
Единствена точка во рамки на 25. собраниска седница закажана за денеска во 12 часот е обраќањето на шефицата на државата Гордана Силјановска Давкова.
Се очекува претседателката да говори за актуелните и случувањата во изминатиот период, како и за очекувањата во следната година во внатрешната и надворешната политика, состојбата во економијата…
Сиљановска Давкова од почетокот на својот мандат имаше повеќе настапи и обраќања на различни собраниски тела како на пример на комисијата за европски прашања но ова ќе биде прв пат да има годишно обраќање на пленарна седница.