Умре и третиот коњ во скопската Зоолошка

Во скопската Зоолошка градина угина и третиот коњ. Во саботата угинаа два коња, а вчера пцовисал и третиот. Станува збор за пржевалски коњи кои се ретки и скапи, по потекло се од Монголија, а во Скопје се донесени од национален парк во Австрија како донација на приватна фирма, објави СДК.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека вчера околу 14 часот е пријавено дека угинал уште еден коњ во градината.

В. д. директорот на скопската Зоолошка градина Зоран Попов не кажува што се случило и како е можно трите коња да укинат за два дена. Тој не одговараше на нашите телефонски повици туку само ни напиша порака дека случајот е пријавен во полиција и по добиените резултатите од Факултетот за ветеринарна медицина јавноста ќе биде известена, велат од порталот.

Инаку во Зоолошката градина во мај угина и жирафата Каспер. Според патохистолошката анализа од Факултетот за ветеринарна медицина, беше констатирана инфекција од салмонела.