Сите во костуми, само Груби во виолетова маичка (Фото)

Во виолетова маица, црни панталони и патики, се појави вицепремиерот Артан Груби на граничниот премин Ќафасан. Тука го чекаа премиерот Еди Рама со делегација од Албанија.

Во очи падна маичката на Груби и лежарниот стил наспроти колегите политичари  помеѓу кои премиерот Димитар Ковачевски, премиерот на Албанија Еди Рама, диркеторот на царина Стефан Богоев кои беа облечени во костуми.

Не е тајна дека Груби помеѓу политичарите секогаш се одвојува со стилот на облекување. Во неговиот стил бојата на вратоврската секогаш ја комбинира со бојата на чорапите.

,,Следниот фудбалски натпревар министрите ќе го играат во Идризово, ако бидат послушни“

Сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на блефот на министрите од ДУИ дека доколку опозицијата ги изгласа уставните измени тие се спремни да заминат во опозиција.

Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, на министрите од ДУИ им порача, наместо оставки, да си подготват одбрани.

„Доста глумење жртви, разум и европски вредности зашто вие сте сѐ, освен тоа. И, да, може и фудбал да ви дозволат да играте во затвор, се разбира – ако сте послушни“, вели таа.

Пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска вели: „Министрите може и пресуди да си потпишат, нивен проблем“.

На социјалните мрежи таа пишува дека проблем на народот е нивниот криминал, нивното беззаконие, нивната алчност, нивната неписменост да прават и да потпишуваат штетни договори за Македонија.

„Овие проблеми ќе се решат, одговорност ќе има! Дополнително, како на мало дете, да повториме за власта во заминување: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата НЕМА да гласаат за уставните измени под бугарски диктат“, вели Стаменкоска-Трајкоска.

„Евтини трикови не ви проаѓаат повеќе. Оставките ќе ви ги завери македонскиот народ на следните парламентарни избори по што следниот натпревар во фудбал ќе го изиграте во ‘Идризово’“, коментира Мирче Аџиоски.

Пратеникот Миле Лефков смета дека министрите не се учесници во процесот на менување на Уставот и со оставките ја злоупотребуваат својата положба.

„Министерските места што си ги користеа за бизниси, за рекет, за провизии, за обезбедувања блиски, од денес јавно се користат и за ПОСРЕДУВАЊЕ при спроведување туѓи барања! Министрите НЕ се учесници во процесот на менување на Уставот, со ова ја злоупотребуваат својата положба и се обидуваат ПРОТИВПРАВНО да ПОСРЕДУВААТ во туѓ интерес! Кривично дело по дефиниција! Противправно посредување чл. 359 од КЗ.
(2) Тој што со искористување на својата службена или општествена положба или влијание ќе посредува да се изврши службено деіствие што не би смеело да се изврши, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“, напиша тој.

(ВИДЕО) „Елено ќерко, Елено“ ечеше во Корчула: Актерот Дац запеа и ги воодушеви туристите

Актерот Драган Спасов Дац е на одмор на хрватскиот остров Корчула, каде што ја запеа „Елено ќерко, Елено“ и стана хит на социјалните мрежи.

Дац привлече големо внимание со своите гласовни способности, па голем број туристи се собраа за да го снимаат македонскиот актер.

Популарниот актер покажа дека знае да пее и на хрватски, а видеото се најде на страната на фејсбук на „Дац и Александар“.

(Видео) Принцот Вилијам врти скара и продава бургери во комбе на улица во Лондон

Принцот Вилијам ги запрепасти кралските обожаватели додека споделуваше веге хамбургери во новото видео објавено од онлајн заедницата за готвење „Сортирана храна“.Добивај вести на вибер>

Бургерите се направени со состојки кои ја добиле наградата The Earthshot Prize, иницијатива започната од принцот Вилијам во 2020 година, која трага по извонредни решенија за најголемите светски еколошки предизвици.

Во видеото, идниот монарх прави и споделува плескавици со зачинето месо на база на компир, ароматизирано со лук, ѓумбир и чили заедно со кисели зеленчуци послужени во лепчиња од камион со храна паркиран во Лондон.

Во една сцена, принцот Вилијам, во светло сина кошула, се врти од скарата на камионот за да ги послужи хамбургер, а неговите муштерии изненадено гледаат во него, додека тој им вели: „Наскоро доаѓа!“

Четворица клиенти се погледнуваат со подотворени усти кога го видоа идниот крал на Англија.

„Бев шокиран“, признал пред камерата еден од клиентите и додал дека се замрзнал, додека друг се запрашал дали сонува.

Тој продолжил да им кажува на секој од клиентите за наградата Earthshot и детално објаснил како точно се правеле хамбургерите тој ден.

Вилијам не е првата позната личност која во последните неколку недели е забележана како дели храна и им прави необична работа.

Пејачката Лана Дел Реј работела во синџирот ресторани „Вафл Хаус“, примајќи нарачки и им полила кафе на посетителите.

ЏАФЕРИ: Ако министрите си одат, и јас ќе ја следам нивната одлука

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во интервју за МИА изјави дека би ја следел одлуката на министрите на Демократската унија за интеграција и би се повлекол и тој доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени.

-Следствено ако сите си одат, зошто ја би инсистирал да останам – изјави Џафери.

Во однос на парламентарните избори вели дека негов личен став е дека избори треба да има во редовен термин и нема причина зошто да не биде тоа така, додека за тоа тоа дали избори за пократко време би помогнале ДУИ да успее да задржи што е можно повеќе гласови, вели дека за тоа треба пресметки да направат партиските органи.

-Јас колку што знам ДУИ се има изјаснето мандатот да оди како редовен мандат и да се вратиме во процесот и во системот на четиригодишен мандат. Но, вчерашната одлука која што е изјавена е во конктекст на она што беше резултат или изјава на лидерската средба помеѓу премиерот и претседателот на опозицијата. Предусловот на опозицијата беше – да ние би пристапиле на тоа доколку ДУИ оди во опозиција и беше кажано додека се одржуваше конференцијата дека ако е тоа предусловот за граѓаните ние треба да сме надвор од оваа Влада, за да се изгласаат уставните измени. Раководството, лидерот тоа го соопшти – изјави Џафери.

Запрашан дали тој се согласува со ваквото делување на ДУИ и дали ќе го следи на некој начин, вели дека ако е во полза на идејата би ја следел оваа одлука.

-Во принцип ако сте дел од некоја организација ако има можности ќе си го кажете мислењето и на крај ако има одлука, доколку сакате да продолжите да сте дел од организацијата ќе ја испочитувате одлуката која што е донесена во спротивно треба да решите да одите од субјектот – истакна Џафери.

Интервјуто со претседателот на Собранието Талат Џафери во целост со видео материјал ќе биде објавено утре.

Умре и третиот коњ во скопската Зоолошка

Во скопската Зоолошка градина угина и третиот коњ. Во саботата угинаа два коња, а вчера пцовисал и третиот. Станува збор за пржевалски коњи кои се ретки и скапи, по потекло се од Монголија, а во Скопје се донесени од национален парк во Австрија како донација на приватна фирма, објави СДК.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека вчера околу 14 часот е пријавено дека угинал уште еден коњ во градината.

В. д. директорот на скопската Зоолошка градина Зоран Попов не кажува што се случило и како е можно трите коња да укинат за два дена. Тој не одговараше на нашите телефонски повици туку само ни напиша порака дека случајот е пријавен во полиција и по добиените резултатите од Факултетот за ветеринарна медицина јавноста ќе биде известена, велат од порталот.

Инаку во Зоолошката градина во мај угина и жирафата Каспер. Според патохистолошката анализа од Факултетот за ветеринарна медицина, беше констатирана инфекција од салмонела.

„Тигри“ нуркачи во потрага по исчезнат маж – се бањал во Глажња (Фото и Видео)

Продолжува потрагата во езерото Глажња по 30-годишното лице од липковското село Никуштак кое вчера влезе во водите на браната и не излезе.

Од Центарот за управување со кризи денеска информираа дека три нуркачки тима на специјалната антитерористичка единица „Тигар“ за кратко ќе ја продолжат потрагата по лицето кое вчера исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во липковско.

МВР денеска соопшти дека вчера во 14: 00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на браната Глажња, Ф.Р.(30) од село Никуштак влегол во водите од браната и не излегол.

– Ангажирани биле спасувачки екипи и сè уште се трага по Ф.Р., соопшти МВР.

Од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, во денешниот билтен информираат дека на бројот 112 добиле пријава  за исчезнато лице кое влегло да се капе во вештачкото езеро браната Глажња на оддалеченост од 1, 5 километри околу 13:50 часот. Полицајците од Полициска Станица Матејче биле ангажирани за физичко обезбедување на местото на настанот. Преку СВР Куманово вчера била  повикана нуркачка екипа на МВР.

Светиот маченик Емилијан

Во времето на Јулијан Отстапник, во тракискиот град Доростол, живееше момчето Емилијан, слуга на градоначалникот. Кога царот отстапник почна со меч и со оган да го сотира христијанството ширум Римското царство, во Доростол дојде царски пратеник да ги убива христијаните. Н

о, не најде ни еден единствен. Израдуван од тоа, тој им приреди голема гозба на доростолските граѓани и заповеда големо жртвопринесување на идолите и деноноќна веселба по целиот град. Таа ноќ тргна свети Емилијан по идолските храмови, по плоштадите и градските улици и со копач ги испокрши сите идоли. Утредента во градот настана ужас. Сите го бараа разурнувачот на нивните богови. Беше фатен еден селанец когошто го видоа тоа утро како минува крај храмот.

Кога виде дека ќе пострада невин човек, Емилијан си рече: „Ако го сокријам своето дело, што корист од тоа што го сторив? Зар да се најдам пред Бога како убиец на невин човек?“ Му се пријави, значи, на царскиот намесник и призна сè. Овој разјарен го запраша Емилијан кој го наговори на она дело.

Христовиот маченик одговори: „Бог и мојата душа ми заповедаа да ги урнам мртвите столбови што ги нарекувате богови.“ Тогаш судијата нареди да го бијат, а после да го изгорат во оган. Така го заврши својот земен живот свети Емилијан и се пресели во небесниот, на 18 јули 362 година.

(ВИДЕО) БЕЛГРАД ПОГОДЕН ОД НЕВРЕМЕ Пороен дожд ги поплави улиците

Српскиот хидрометереолошки завод од утрово издаде повеќе соопштенија и предупредувања за временски промени и невреме со обилни врнежи од дожд.

По невремето што ги зафати Суботица, Нови Сад, Чачак и Краљево, силен дожд падна и во Белград. Силниот дожд беше пропратен со бурен ветер.

Српскиот хидрометереолошки завод од утрово издаде повеќе соопштенија и предупредувања за временски промени и невреме со обилни врнежи од дожд.

Невремето од Хрватска најпрвин пристигна во Суботица, каде падна пороен дожд пропратен со грмежи и силен ветер, по што интензитетот на невремето полека се зголемуваше.

Потоа невремето се спушти кон Нови Сад, каде на моменти налетите на ветерот беа неверојатно силни, проследени со обилен дожд што го отежна сообраќајот.

Сите министри на ДУИ поднесоа оставки до Ковачевски, бараат да се изгласаат уставните измени

Сите министри од ДУИ денеска испратиле писмо до премиерот Димитар Ковачевски со кое го известуваат дека потпишале оставки од функциите кои ги извршуваат, дознава ТВ21.Loading…

Според информации на телевизијата, во писмото испратено до премиерот пишува уште дека оставките стануваат ефективи веднаш откако ќе се изгласаат уставните измени, односно ако опозициската ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка и гласа уставни измени.

„Ние, министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција, поднесуваме оставки од функциите што во моментов ги извршуваме!

Оставки, г. Премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени“, се вели во дел од писмото кое го испратиле министри на ДУИ до премиерот Димитар Ковачевски.