Connect with us

Македонија

Заедничка обука на силите за специјални операции на Македонија и Грција (Видео)

Published

on

Операции на копно и во вода, борбено пливање и нуркање биле вклучени во заедничката обука на силите за специјални операции на Македонија и Грција, што од 10 до 21 јули се одржала во областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Генералштабот на грчката национална одбрана соопштија дека заедничката обука е во рамките на нивниот план за меѓународни соработки, од Грција учествувале тимови за специјални операции со пловни средства, а од Република Македонија 12 припадници на силите за специјални операции.

-Учеството на вооружените сили во конкретната заедничка обука е во рамките на имплементацијата на Програмата за воена соработка за 2023 година меѓу Грција и Република Македонија и имаше за цел зајакнување на борбениот капацитет и оперативната готовност на учесниците, соопштија од Генералштабот на грчката национална одбрана.

Обуката се одржала во Центарот за обука на специјалните сили во Неа Перамос во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, како и во поморското подрачје во истиот дел.

Од Генералштабот на грчката национална одбрана објавија и фотографии и видео од обуката на силите на двете земји.

Видео:

https://youtu.be/pu0POK-TXBg

Македонија

Подобрена состојбата на двајца пациенти хоспитализирани во Солун

Published

on

Министерството за здравство соопшти дека двајца пациенти кои се лекуваат во Солун се во подобрена состојба. Тие се екстубирани и од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија.

Во Скопје, пак, вкупно 16 пациенти се на болничко лекување и се во стабилна состојба. По шест пациенти се хоспитализирани во Стара градска болница и ГОБ „8 Септември“, додека четворица се во приватни болници.

Од Клиниката за токсикологија информираат дека во последните 24 часа биле примени четворица пациенти од странство. По направените токсиколошки анализи, тие биле пуштени на домашно лекување, бидејќи се во добра општа состојба.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и во странство и продолжува да ја следи состојбата на повредените во несреќата во Кочани.

Извор: Република

Continue Reading

Македонија

Трамп во конфликт со Путин: ‘Многу ме изнервира, бесен сум!’

Published

on

Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за Ен-би-си (НБЦ) изјави дека е „многу изнервиран“ и оти е „бесен“ на рускиот претседател Владимир Путин и се закани дека ќе воведе нови царини на руската нафта.

– Ако Русија и јас не сме во можност да постигнеме договор за завршување на крвопролевањето во Украина, а верувам дека тоа е руска грешка, ќе воведам секундарни царини на целата нафта кој излегува од Русија, посочи Трамп.

Тој истакна дека царините за Русија би можеле да бидат воведени во рок од еден месец доколку не се постигне договор за прекин на огнот.

– Ова би значело дека ако купувате нафта од Русија, нема да можете да вршите економска активност во САД. Ќе има царина од 25 до 50 проценти за целата нафта, наведе Трамп.

Тој додаде дека Путин знае дека е лут, но оти и покрај тоа тие имаат „многу добри односи“ и „лутината брзо исчезнува … ако ја направи вистинската работа“.

Трамп најави дека следните денови ќе разговара со Путин.

Continue Reading

Македонија

Прилепчанка во неверување: Сметка за струја 250 евра, а домот празен!

Published

on

Живее самечки, потстанарски живот во мрачен подрум. Се грее на дрва. Освен светилките и телевизорот, други електрични уреди нема, а по преживеаниот неодамнешен ненадеен мозочен удар, речиси три месеци таа не била ни дома. Се лекувала. Но, нејзината последна сметка за струја е дури 15.000 денари. 69-годишната прилепчанка Ангелина Талеска, која се’ уште незакрепната од болеста што ја снашла, по првичниот шок, сега во очај бара помош за, како што вели, да не плати нешто што не потрошила. А и нема ни од што, бидејќи таа преживува од социјалната пензија од неполни 8.000 денари, пишува Алфа.

„Само една ламба гореше, јас бев на болница месец дена. Месец и пол бев кај брат ми додека идеше масерот. Јас сум сама тука. Два и пол месеци јас не бев тука за олку големи сметки…и да не бидам дома. Струјомерот е во салонот, клучевите беа во мене на болница и никој не може да влезе“ – видно вознемирена раскажува Ангелина Талеска.

Сомневајќи се некој да не крадел струја, или пак инкасаторот да не направил некоја грешка, таа побарала од ЕВН да дојде Комисија и да го провери броилото. Молбата и’ била прифатена и била задолжена за услугата да уплати околу 500 денари, што и го сторила. Но, наместо да дојде Комисија, таа доживеала нов шок. Била исклучена од електричната мрежа, иако други заостанати сметки – нема. По нејзината реакција, следниот ден струјата повторно и’ била пуштена, со образложение дека по грешка била исклучена. Ама, од ветената Комисија до ден-денес нема ниту трага, ниту глас.

„Ете, платив и после таа ми вели – не, не ти реков дека за Комисија плаќаш. Ами зошто го платив тоа ?! За да ти ја скини струјата тој. Ами, јас ти ја дадов цела социјална, уште 6.000 и нешто!!! Јас си го платив она дури бев дома. И сега, откако сум дојдена од болница, ми дојде 3.000 денари, зошто…за пет дена 3.000 ?! Другиот ден, си идам од ЕВН, плаќам таму, и на порта гледам – 15.000 белешка ?! И тие што ги платив.. оној дел дури бев дома…?! Јас не знам зошто?! – се прашува очајната Ангелина.

Преплашената Ангелина вели дека само таа си знае како со години врзува крај со крај со мизерната социјална пензија што ја зема. Но, досега не останала должна за ниту една сметка. Ама, овојпат, таа е гневна што од неа се бара, како што вели, да плати нешто што не потрошила, и жали што заради влошената здравствена состојба, немоќна е правдата да ја бара по други институции.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк