Connect with us

Скопје

Четворица повредени во вооружена пресметка во Скопје

Две лица се приведени во средата, во врска со пресметка во скопската населба Чаир којашто било користено огнено и студено оружје и притоа се повредени четири лица, информира во четвртокот Министерството за внатрешни работи.

Вчера, како што стои во соопштението, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 38-годишниот С.Ф. и седум години помладиот С.Н., и двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека на плац на булеварот „Македонско-косовска бригада“  учествувале во физичка пресметка меѓу две семејства соседи, во која било употребено огнено оружје и остри предмети, при што со повреди од огнено оружје се здобиле М.И.на 51 година и еден малолетник, додека со повреди од остар предмет се здобиле 22 -годишниот Ш.И. и 27-годишниот С.И.

Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде што им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Скопје

Секое застанување на булевар на „пет минути“ ќе се санкционира, вели Топаловски

Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, најави засилена контрола на паркирањето во главниот град. Во гостување во емисијата „Претрес“, тој појасни дека полициски возила опремени со камери, поврзани директно со системот „Безбеден град“, ќе патролираат по Скопје.

Секое застанување на булеварите каде што не е дозволено „паркирање на пет минути“ ќе биде санкционирано. „За несоодветно паркираните возила на паркиралиштата и булеварите… сите кои ќе помислат дека може да ја остават колата и да завршат некоја работа, создавајќи гужва на сообраќајницата, сега ќе бидат казнети. Колите ќе вртат по цел ден, на различни локации. Пораката до оние што планираат да бидат сообраќајни прекршители е дека тоа нема да биде исплатливо“, рече Топаловски.

СВР Скопје со оваа мерка најавува поголема дисциплина на булеварите и намалување на сообраќајниот метеж во градот.

Continue Reading

Скопје

По „Димо Хаџи Димов“, ешерихија коли и по втор пат пронајдена во училишни намази

dimo hadzi dimov

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече парични казни против операторот со храна кој стопанисува со кујните во основните училишта во Општина Карпош, откако лабораториските анализи потврдија небезбедна храна во две училишта.

По неодамнешната вонредна инспекција, АХВ официјално ги доби резултатите од тестирањата на мострите храна и брисевите земени од кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“.

Лабораториските наоди потврдија дека послужената мусака не ги задоволува микробиолошките критериуми, при што е утврдено присуство на бактеријата Enterobacteriaceae.

Поради овој пропуст, операторот со храна е казнет со 600 евра, а одговорното лице со 300 евра во денарска противвредност.

По првичната инспекција и наредбата за генерално чистење и дезинфекција, кујната во „Димо Хаџи Димов“ останува затворена сѐ додека не се добијат нови лабораториски наоди од повторно земените брисеви, со кои треба да се потврди нејзината безбедност. Дополнително, сите вработени се упатени на вонредни здравствени санитарни прегледи.

Во рамки на превентивните вонредни контроли, АХВ изврши инспекција и во кујните на уште девет основни училишта во Карпош, со кои стопанисува истиот оператор.

При овие контроли, кај една мостра храна (намаз) е утврдено присуство на бактерија ешерихија коли, за што веднаш е наредено намазот да се исфрли од употреба. Иако два од тестираните брисеви беа позитивни, кај нив не е утврдено присуство на патогени бактерии.

За недоследностите утврдени при превентивните контроли во деветте училишта, операторот е казнет со уште две парични казни од по 900 евра (600 евра за операторот и 300 евра за одговорното лице).

Вкупна казна од 650 евра е изречена и за дополнителни пропусти, вклучувајќи:

  • Непоседување сертификат за завршен курс по хигиена за едно вработено лице.

  • Немање соодветни технички услови за работа (недостаток на топла вода) во две училишни кујни.

АХВ продолжува со засилени контроли за да обезбеди сигурност и здравствена безбедност на оброците на учениците.

Continue Reading

Скопје

Меџити: Инклузијата на лицата со посебни потреби е заедничка одговорност

По повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествуваше на инаугурацијата на организацијата „INKLUDIVERSA“. Иницијативата има за цел создавање повеќе пристапни и поддржувачки простори за сите граѓани.

Меџити истакна дека заедницата има обврска да обезбеди инклузија и зајакнување на лицата со посебни потреби, со можности за еднаков развој на нивниот потенцијал.

– Општина Чаир секојдневно се залага за создавање на опкружување каде што децата и младите со посебни потреби ќе добиваат поддршка, грижа и реални можности за интеграција во сите сфери на животот – рече Меџити.

Тој додаде дека овој ангажман е дел од визијата за еднаква, праведна и инклузивна општина за сите граѓани.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг