Четворица повредени во вооружена пресметка во Скопје

Две лица се приведени во средата, во врска со пресметка во скопската населба Чаир којашто било користено огнено и студено оружје и притоа се повредени четири лица, информира во четвртокот Министерството за внатрешни работи.

Вчера, како што стои во соопштението, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 38-годишниот С.Ф. и седум години помладиот С.Н., и двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека на плац на булеварот „Македонско-косовска бригада“  учествувале во физичка пресметка меѓу две семејства соседи, во која било употребено огнено оружје и остри предмети, при што со повреди од огнено оружје се здобиле М.И.на 51 година и еден малолетник, додека со повреди од остар предмет се здобиле 22 -годишниот Ш.И. и 27-годишниот С.И.

Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде што им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот