Connect with us

Балкан

Словенија под вода – поплава каква не се памети, регистрирани првите жртви, голем дел од населението евакуирано (Авионски снимки)

Published

on

Автомобили пливаат низ надојдената вода, поплавени бројни населени места и патишта, оштетени мостови, одрони од земјиште и кал, евакуциии… Ова е сликата од Словенија по синоќешното невреме.

Стотици пожарникари се на терен. Активирана е и војската. Со хеликоптери учестува во спасување на луѓе заробени на покривите.

Низ државата одекнуваат сирени кои предупредуваат на опасност. 

– Ситуацијата е крајно комплицирана, затоа ги повикувам сите кои немаат итно патување да останат дома и да не возат наоколу, зијави Марјан Шарец , минситер за одбрана. 

Неколку општини се отсечени од остаток на земјата. Словенечката претседателка порача дека се се преземаат сите неопходни мерки за заштита на луѓето кои се можни и остварливи во овој момент. 

Обилните дождови предизвикаа најголеми проблеми во северниот дел на Словенија. На места наврнале и околу 200 милиметри дожд на метар квадратен. Најтешко е во Корушка и Горењска.  

Според метеролозите, никогаш не паднал толку многу дожд во еден ден. И за денеска во Словенија се најавени поројни дождови. 

– Тешки услови се очекуваат денеска на југоисток од Словенија, особено во областа Кочевски, во областа Купа и Бела Краина долж хрватската граница, соопшти метеорологот Бране Грегорчич од Словенечката агенција за животна средина. 

Се вршеа спасувања на луѓе и со помош на хеликоптер, а голем ден од населението е евакуирано.

Балкан

Навивачите на Пирин Благоевград: „Кочани, тагуваме со вас“

Published

on

Навивачите на Пирин од Благоевград испратија порака со сочувство за настраданите од големата трагедија во Кочани, во која животот го загубија 59 лица, а околу 200 се повредени.

Тие на мечот од Втората лига против Марек Дупница на гостински терен истакнаа парола на која пишуваше „Кочани, тагуваме со вас“.

Continue Reading

Балкан

Главниот ривал на турскиот претседател Ердоган, Екрем Имамоглу, формално беше уапсен и затворен

Published

on

Градоначалникот на Истанбул и главниот ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е формално уапсен и затворен во очекување на судењето поради обвиненија за корупција.

Екрем Имамоглу првично беше приведен во неделата – што предизвика широки протести низ Турција, кои оттогаш се интензивираа.

Имамоглу е популарна опозициска фигура во Републиканската народна партија беше приведен поради наводи за поврзаност со терористички организации.

Четврта ноќ, демонстрантите се судрија со полицијата додека тој се соочуваше со дополнително испрашување. Тој негира дека сторил нешто лошо.

Неговото притворање нашироко се сметаше за политички потег за негово отстранување од претседателската трка во 2028 година.

Continue Reading

Балкан

Хаос во Турција: Опозицијата повикува на протести, уапсени повеќе од 340 лица

Published

on

Еден ден по големите протести во Турција, при кои беа уапсени 343 лица, опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој исто така беше уапсен, денеска повторно ќе биде сослушан. Опозицијата најави нови протести по повод апсењето на Имамоглу, кој е лидер на Републиканската народна партија и главниот ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на претстојните избори.

Откако беше уапсен во средата, протестите се проширија во 55 од 81 региони во Турција. Според францускиот Монде, повикувајќи се на агенцијата Франс прес, само во Истанбул вчера на улиците излегле околу 300.000 луѓе, според податоците на партијата на Имамоглу.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, соопшти дека вчера биле уапсени 343 лица. Според Монде, на неколку места имало судири помеѓу демонстрантите и полицијата, која во Измир и Анкара користела солзавец и водени топови. Без оглед на тоа, опозицијата повика на нови протести.

Екрем Имамоглу беше уапсен во средата рано наутро под обвиненија за корупција и поддршка на Курдистанската работничка партија, која е прогласена за терористичка организација.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк