Словенија под вода – поплава каква не се памети, регистрирани првите жртви, голем дел од населението евакуирано (Авионски снимки)

Автомобили пливаат низ надојдената вода, поплавени бројни населени места и патишта, оштетени мостови, одрони од земјиште и кал, евакуциии… Ова е сликата од Словенија по синоќешното невреме.

Стотици пожарникари се на терен. Активирана е и војската. Со хеликоптери учестува во спасување на луѓе заробени на покривите.

Низ државата одекнуваат сирени кои предупредуваат на опасност. 

– Ситуацијата е крајно комплицирана, затоа ги повикувам сите кои немаат итно патување да останат дома и да не возат наоколу, зијави Марјан Шарец , минситер за одбрана. 

Неколку општини се отсечени од остаток на земјата. Словенечката претседателка порача дека се се преземаат сите неопходни мерки за заштита на луѓето кои се можни и остварливи во овој момент. 

Обилните дождови предизвикаа најголеми проблеми во северниот дел на Словенија. На места наврнале и околу 200 милиметри дожд на метар квадратен. Најтешко е во Корушка и Горењска.  

Според метеролозите, никогаш не паднал толку многу дожд во еден ден. И за денеска во Словенија се најавени поројни дождови. 

– Тешки услови се очекуваат денеска на југоисток од Словенија, особено во областа Кочевски, во областа Купа и Бела Краина долж хрватската граница, соопшти метеорологот Бране Грегорчич од Словенечката агенција за животна средина. 

Се вршеа спасувања на луѓе и со помош на хеликоптер, а голем ден од населението е евакуирано.

Aerial footage shows scale of flooding in Slovenia