Откако вербално го нокаутираше – Шилегов му врати на Апасиев

На социјалните мрежи продолжува препукувањето помеѓу поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој во изминатиот период е цел на критики од останатите партиите само затоа што отишол на годишен одмор во Хургада.

Откако Апасиев објави дека Шилегов „го поканил во викендицата во Маврово направена со корупција“, не остана должен ниту поранешнјот скопски градоначалник и функционер на СДСМ.

„Димче си се самопоканил да се дружи со мене. И тоа во Маврово. На скара. Офф лелеее !!!

Димче бе, основен услов за да било кој биде во мое друштво е да има основна хигиена. Физичка и ментална.

Значи, како прво, Димче, реновирај купатилото и избањај се (не мора да е сабота или недела).

За вторава (менталната) хигиена, стварно не знам како да ти помогнам. Пробај да не си лажго, демагог и да не лупаш глупости за почеток. Можеби ќе ти тргне. Ама можеби. Еве на пример раскажи ни како уште во 2015 на протести одеше со обезбедување !!! Можеби така ќе си го покажеш вистинското лице …

Ако успееш со менталната хигиена (ама стварно се сомневам, пази кога влагаш кај мене во двор во Маврово. Има отрови за глодачи и кртови …“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Апасиев вчера напиша дека „добил покана од Шилегов, но дека не посетува украдени недвижнини“.

„Ми пишал Шилеџето у инбокс: – “Димитријо, пролетерчино, остај вмроидиве шо ти јадат коските, туку ти да дојдеш кај мене на ВИКЕНДИЦАТА у Маврово, скара една да завртиме” (и ставил такви смајлиња).

Му вратив: – “Друже, на одмор сум, не сум видел. Фала, ама не идам ја по крадени недвижнини. Нема лезет. Мицко викни си го. Он е по скарата. И по другото. И еј, немој случајно паштети да сте јаделе. Да не ве мислам” (и такви срцеца му стаив)“, објави пратеникот.