Возрасни Грци претепани на Халкидики: Не тепаше менаџер зошто седевме на пешкири после лежалките (Видео)

Постара брачна двојка од Грција во тамошните медиуми се жали на жесток напад од страна на менаџер на бар на плажа на Халидики само затоа што сакале да се избањаат на плажа.

Во меѓувреме грчките граѓани се мобилизираа и со протести бараат слободен пристап до плажите. „Движењето пешкир“ алармира за малтерирање на капачите и дури физички напади врз нив од страна на концесионери на плажи или нивни работници.

Грчката телевизија МЕГА објави сведоштво на брачен пар на Халкидики кои биле жртви на дивјачки ќотек кога сакале да седат на пешкири на плажа.

плажа ќе биде слободна“ демонстрантите се приклучуваат на се помасовното „Движење пешкир“ низ Грција, бидејќи прекршувањата на плажите станаа норма со текот на годините.

Членовите на движењето го нагласија фактот што лежалките се поставени премногу блиску до морето.

https://youtu.be/tPvqFTfLc38

„Бараме да го почитуваат законот што е донесен каде јасно пишува дека првите лежалки мора да бидат на пет метри од морето, а некаде тие се и во морето“, истакнаа граѓаните.

Тие се пожалија и дека во некои случаи има и обезбедувачи кои не дозволуваат луѓето да пристапат на плажа на која се наоѓаат барови и таверни, каде мора да платат минимум 20 евра за лежалка, а цените растат зависно од редот и достигнуваат и до 150 евра.

Собирите кои се одржаа по повик на онлајн групата „Граѓанско движење за слободни и достапни плажи на Халкидики“, која во рок од три дена собра повеќе од 8.000 членови, се очекува да продолжат.

https://youtu.be/ZtXsKVv5gmI

Движењето Пешкир почна од плажите во Наксос, Парос и Родос пред неколку недели каде по протестите на грчките туристи плажите запоседнати од закупци на барови почнаа да се „ослободуваат“ од премногу натрупаните чадори, па се прошири и на другите туристички региони во Грција каде исто така се бара ослободување на јавниот простор.