На денешен ден – Беше родена кралицата на ромската музика, наша Есма Реџепова

На 8 август 1943 година е родена Есма Реџепова, позната македонска пејачка и хуманистка. Нарекувана е Кралица на ромската музика во светски рамки.Loading…

Во 2013 г. ја добила престижната титула Национален уметник на Република Македонија.

Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас почнувајќи од првите младешки музички успеси стана светски прифатена и призната.

Таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност.

Почина на 11 декември 2016 година, во Скопје.

Есма Реџепова објави повеќе од 600 песни, кои се снимени на грамофонски плочи и касети. Имаше над 50 илјади концерти, според некои слободни проценки, и настапуваше во кој знае колку ТВ-емисии. Секако дека најмногу пееше на ромски и македонски јазик, но исто така пееше и на српскохрватски, турски, хебрејски, грчки и хинди јазик. Нејзината најпопуларна (и авторска) песна “Чае шукарие“ која и денес се пее со иста љубов на секаде, стана и официјална химна на сите Роми низ светот.

Да беше жива и сега за своја душа често ќе си ја запееше својата најомилена песна, нејзината интимна химна „Чекај животе“. Но, тажно е што животот не ја чекаше онака како што Есма посакуваше низ песните со кои низ светот ја славеше и се гордееше со својата родна татковина Македонија