Connect with us

Македонија

MВР поднесе барања за прекршочни постапки против две општини и двајца актуелни градоначалници

Published

on

Денеска (15.08.2023) Министерството за внатрешни работи, поточно Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје и Тетово до надлежните Основни судови поднесе барања за поведување на прекршочна постапка против правните лица Општина Чаир и Општина Тетово и одговорните лица во овие правни лица, градоначалниците на овие општини В.Г. и Б.К.

Имено, за време на официјалната посета на косовската делегација на нашата држава, предводена од претседателот на Владата на Република Косово, г.Албин Курти, при организираниот пречек на 11.08.2023 на ул.„Ферид Мурати“ во Скопје и на Градскиот плоштад во Тетово, не е постапено согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Северна Македонија.

Односно за време на манифестациите организирани по тој повод не е интонирана државната химна и не е поставено државното знаме на Република Северна Македонија, со што е сторен прекршок по чл.30 од истиот закон.

МВР продолжува со потрага по лицето кое на една од манифестациите вееше знаме на голема Албанија и по негово пронаоѓање против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Published

on

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (16.04.2025) со почеток во 20.00 часот поради одржување на меѓународен фудбалски натпревар на Националната арена „Тодор Проески“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

Continue Reading

Македонија

Опозицијата бара надзорна расправа, власта вели „прво да заврши истрагата“ – караница на комисијата за политички систем

Published

on

Пратениците од ДУИ бурно реагираа на денешната седница на Комисијата за политички систем, откако мнозинството не го поддржа дневниот ред на кој се наоѓаше нивното барање за надзорна расправа за истрагата поврзана со трагедијата во Кочани. Од партијата обвинија дека колегите од мнозинството не сакаат вистината да излезе на виделина, и побараа морална одговорност од премиерот и министерот за внатрешни работи.

Иако претходно СДСМ се изјаснија дека нема да бараат расправа додека не заврши истрагата, денеска дадоа поддршка на иницијативата на ДУИ, со став дека треба да се отвори расправа и за останатите трагедии од последните години – како несреќата кај Ласкарци, случајот со „Беса транс“ и пожарот во модуларната болница во Тетово.

Мнозинството, пак, останува на ставот дека за каква било институционална расправа треба да се почека завршувањето на истрагите, со цел да се избегне влијание врз нивниот тек.

ДУИ најави дека нема да застане тука. Најавија дека 15 нивни пратеници ќе упатат официјално барање до претседателот на Собранието за одржување на надзорната расправа.

Continue Reading

Македонија

Сопружници измамени за 824.000 денари, мислеле дека им се јавува адвокатка и ќе купат стан на лицитација, парите ги дале на рака

Published

on

Брачна двојка измамена за над 800.000 денари од жена која се претставила како адвокат

Дваесет и четиригодишна жена пријавила во полиција дека таа и нејзиниот сопруг биле измамени од женско лице за сума од околу 824.000 денари.

Според пријавата, осомничената се претставила како адвокат и сопственик на фирма од Битола, уверувајќи ги дека може да им овозможи купување на стан кој наводно бил предмет на лицитација. Според договореното, тие требало да платат 30 отсто од вкупната вредност на станот, додека преостанатите 70 отсто, како што тврдеше таа, наводно требало да бидат покриени со државни средства.

Брачната двојка ѝ предала пари во три наврати – на неа и на уште едно лице, а покрај тоа доставиле и изводи од матичната книга на родените, како и копии од нивни лични карти.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк