Какви работници бараат во Германија?

Фалат работници во германските компании. 

Дури на 43 отсто од германските компании им недостигаат квалификувани работници. Ова е заклучокот од најновото истражување на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Резултатите од истражувањето на 9.000 германски компании покажуваат дека 43,1 отсто од компаниите пријавиле недостиг на квалификувани работници во јули. Во априлското истражување, 42,2 отсто од компаниите во Германија пријавиле исти проблеми.

Компаниите кои бараат нови работници се најчесто во услужниот сектор. Во правните и сметководствените услуги, 75,3 отсто од компаниите не можат да најдат соодветни кандидати, а околу две третини од компаниите од областа на транспортот, архитектурата и инженерството тврдат дека им недостига квалификувана работна сила. Со години Германија алармира дека нема доволно работници. Слични проблеми има и во други делови од Европа.