Connect with us

Свет

Невреме во Мека: Ветерот соборувал луѓе и превртел тешки метални конструкции (Видео)

Published

on

Силно невреме ја погоди Мека во Саудиска Арабија. Ветерот соборувал луѓе и превртел тешки метални конструкции.

Националниот метеоролошки центар (НКМ) и за денеска издаде црвено метео предупредување во покраината и некои области на Кралството.

Голем број видеа споделени на социјалните мрежи покажуваат како аџии брзаат да се засолнат, додека вработените во Големата џамија се речиси преплавени од налетите на ветерот кој носи големи канти за отпад.

На снимките исто така се гледаат и поплавени улици и автомобили кои речиси целосно се потопени.

Свет

Рубио: САД брзо ќе се откажат од преговорите меѓу Русија и Украина доколку нема напредок

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се откаже од напорите за постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина во наредните денови, доколку јасно не се покаже дека таков договор е можен, изјави во петокот американскиот државен секретар Марко Рубио.

„Нема да продолжиме со овие напори со седмици и месеци. Затоа сега трабаме да одредиме многу брзо, и јас притоа зборувам за денови, дали тоа може да се постигне во следните неколку седмици. Ако може да се постигне, ќе продолжиме. Ако не, тогаш имаме други приоритети на кои треба да се фокусираме“, рече американскиот дипломат во Париз по средбата со европските и украинските челници.

Рубио нагласи дека Трамп сѐ уште е заинтересиран за постигнување договор, но и дека е подготвен да ги напушти преговорите доколку нема знаци за напредок.

Републиканскиот претседател за време на кампањата тврдеше дека ќе ја прекине војната во Украина во првите 24 часа во Белата куќа. По неговата изборна победа, тој ги ублажи овие тврдења и најави договор до април или мај.

Изјавата на Рубио ја покажува зголемената фрустрација на Вашингтон поради недостиг од напредок во преговорите во време кога САД се соочуваат со растечки геополитички предизвици, пренесува Reuters.

Continue Reading

Свет

Во Кина се гради највисокиот мост во светот – инженерски подвиг на 625 метри над река

Published

on

Кина во јуни ќе го пушти во употреба највисокиот мост во светот, најновото инженерско достигнување на држава која постојано инвестира во инфраструктура. Мостот преку големиот кањон Хуаџијанг се гради во провинцијата Гуиџоу, на југозападот на Кина, и е при крај.

Овој висечки мост ќе биде висок 625,14 метри над нивото на реката, што е речиси 289 метри повеќе од актуелниот рекордер, мостот Мијо во Франција.

Провинцијата Гуиџоу е планински регион со сложен релјеф, а мостот ќе го премостува драматичниот голем кањон Хуаџијанг, познат и како „земјена пукнатина“.

Откако ќе биде пуштен во употреба, возачите на автомобили и камиони ќе можат значително полесно да го поминат овој предизвикувачки предел. Според државните медиуми, времето за патување преку кањонот ќе се скрати од два часа на само една минута.

Изградбата на висечкиот мост, направен од челична конструкција со вкупна должина од 2,9 километри, започна официјално на 18 јануари 2022 година и се очекува да биде завршена до 30 јуни 2025 година, јавуваат локалните медиуми во Гуиџоу.

Целокупната тежина на челичната конструкција е околу 22.000 тони – што е еквивалентно на тежината на три Ајфелови кули.

Во моментов, речиси половина од 100. највисоки мостови на светот се наоѓаат токму во Гуиџоу, што ја позиционира оваа кинеска провинција како глобален центар на мостоградбата

Извор: Euronews.rs
Фото: Screenshot/YouTube

Continue Reading

Свет

Украина и САД потпишаа меморандум за договорот за минерали за ретки земји

Published

on

Украина и САД потпишаа меморандум за договорот за минерали, изјави висок украински функционер, цитиран од Ројтерс.

Документот е прв чекор кон склучување договор за развој на минерали во Украина, изјави Јулија Свириденко, прв вицепремиер и министер за економија на Украина.

„Среќни сме што можеме да го објавиме потпишувањето со нашите американски партнери на меморандум за разбирање што го отвора патот за договор за економско партнерство и создавање на Инвестициски фонд за обнова на Украина“, напиша Свириденко во X.

Претходно Доналд Трамп изјави дека Украина и САД би можеле да го потпишат договорот за минерални суровини и економска соработка веќе следната недела.

„Имаме договор за минерали за кој претпоставувам дека ќе биде потпишан во четврток“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, очигледно мислејќи на договорот меѓу САД и Украина.

Трамп се залага за договор што ќе им овозможи на Соединетите држави да имаат привилегиран пристап до природните ресурси и критичните минерали на Украина во замена за воената помош што Вашингтон и ја даде на Украина за време на администрацијата на Џо Бајден.

Украинската делегација отпатува во Вашингтон кон крајот на минатата недела на преговори, откако администрацијата на Трамп предложи нов, посеопфатен договор. Првичниот рамковен договор за кој се преговараше никогаш не беше потпишан.

Денеска, американскиот министер за финансии Скот Бесант изјави дека „сè уште ги разработуваме деталите“ и дека потпишувањето би можело да се случи веќе следниот петок.

Белата куќа не одговори на барањето за повеќе детали за условите и содржината на договорот.

Претходно, украинскиот претставник Володимир Зеленски изјави дека двете страни денеска би можеле да потпишат меморандум за намери.

„Ова е меморандум за намери. И ние имаме позитивни, конструктивни намери“, им рече Зеленски на новинарите во Киев.

Тој додаде дека предлогот за потпишување на меморандумот пред севкупниот договор, за кој ќе биде потребна ратификација во украинскиот парламент, дошол од американска страна.

Украинскиот министер за економија рече дека Киев и Вашингтон постигнале значителен напредок во разговорите за договорот, а меморандумот е првата фаза во која тоа се одразува.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк