Ова е ќерка ми, пред 2 ипол години се лекуваше на Онкологија, ја убија – нема да се смирам додека не ги видам во затвор

Компјутери, податоци во дигитална форма и документација се одземени и запленети во вчерашните претреси на Клиниката за Онкологија но и во домови на вработени на клиниката, соопшти Обвинителството. Вештачењето ќе покаже дали заради профит се тргувало со терапија односно со животите на пацинетите на Клиниката кои зависат од неа.

Дејана Новаковиќ преку социјалните мрежи се огласи, по овој повод, објавувајќи навистина тажна порака:

-Пред две ипол години ќерка ми се лекуваше на Клиниката за Онкологија. Мислевме дека се лекува, они ми го убија детето. Од лесно излечлив тип на канцер они со „терапијата“ го хранеле канцерот.

Јавно објавувам дека нема да ги оставам да се заташка како се што се заташкува во скапаната држава!

Ќе се активирам се што е во моја моќ и ве замолувам сите што можете да помогнете да се вклучите!

Нема да се смирам додека не ги видам сите во затвор доживотен!

Сликава од ангелот мој ја ставам тука да знаете кого убивте и да ве прогонува како сенка, мир и сон да немате никогаш како моето семејство што нема!, пишува Дејана.