Connect with us

Македонија

Медицинските сестри биле клучни: Зошто Клиниката за Онкологија ѝ даде втора шанса на сестрата која крадеше цитостатици?

Published

on

Mедицинска сестра од Клиниката за радиотерапија и онкологија пред шест месеци беше фатена во кражба на цитостатици, но не ѝ било првпат. После дисциплинската постапка во минатиот случај кога била фатена во кражба на скапите и животоспасувачки медикаменти, не само што не и била одземена лиценцата за работа, туку таа била вратена на работа.

За овој случај пред шест месеци пишуваше „Слободен печат“, според чии извори од Клиниката, неколку месеци во 2020 година медицинската сестра поминала надвор од болницата, затоа што против неа поведена била дисциплинска постапка за украдени ампули, но во екот на ковид пандемијата била вратена на работа и тоа во истиот оддел, во дневната болница каде ги вршела кражбите. Првиот пат, кај неа пронајдени биле ампули Доксорубицин, а вториот пат различни типови на ампули цитостатици, околу 20 на број.

Македонија

ЕУ, Македонија, Велигден – Екстремно добра насловна

Published

on

Нова Македонија за велигденскиот празнично издание има екстремно добра насловна страница е оценката на екс пратеникот Илија Димовски.

На насловната страница на Нова Македонија е прикажана лушпа од јајце кое е во знамето на ЕУ а од јајцето излегува пиле во боите на македонското знаме.

Фотографијата може да има повеќе значења.

Едното е дека од ЕУ која има проблем да ја задржи својата компактност поради внатрешните конфликти излегува Македонија без притисок кој и го прават одредени членки на унијата како Бугарија во моментов.

Друго значење може да биде дека во новите геостратешки околности Македонија има шанса да стане членка на ЕУ која ќе мора поради новите односи со САД да го затвори сите свои критични точки меѓу кои е и Македонија.

Нова Македонија слави 80 години откако во Горно Врановци излезе од печат првиот број на легендарниот весник.

Целиот пост на Димовски на кој се лепат бугарски националисти со навредливи пораки кон Македонците на овој линк

https://x.com/ilijadimovski/status/1912938200403751336?t=wGlVkQcWIqpVcgvgM5dP0w&s=19

Continue Reading

Македонија

ОД СОНЦЕ ДО НЕВРЕМЕ ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА Попладне со врнежи, грмежи и силен ветер, вечерта доаѓаат електричните празнења

Published

on

Во Скопје времето наутро ќе биде стабилно, со сонце и слаб до умерен јужен ветер. Но, и главниот град нема да биде поштеден од нестабилноста. Кон крајот на денот и особено во ноќните часови, ќе има повремен дожд и грмежи, а делови од скопската котлина се изложени на ризик од појава на краткотрајно но интензивно невреме. Температурата ќе се движи од 13 до 23 степени.

Нестабилно време нѐ очекува попладне и особено кон крајот на денот. По претпладнево со сонце и умерена облачност, како и слаб до умерен југоисточен ветер, попладневните часови ќе донесат промени. Се очекува променливо облачно време проследено со локални врнежи од дожд, а на места ќе има и појава на грмежи.

УХМР предупредува дека процесите ќе бидат поинтензивни во доцните вечерни часови и во текот на ноќта, кога на одредени локации ќе има услови за невреме со пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.

Минималните утрински температури ќе се движат од 6 во Маврово до 13 во Скопје, а максималните дневни од 13 во Маврово и 24 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје времето наутро ќе биде стабилно, со сонце и слаб до умерен јужен ветер. Но, и главниот град нема да биде поштеден од нестабилноста. Кон крајот на денот и особено во ноќните часови, ќе има повремен дожд и грмежи, а делови од скопската котлина се изложени на ризик од појава на краткотрајно но интензивно невреме. Температурата ќе се движи од 13 до 23 степени.

Во сабота не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност, што создава идеални услови за прошетки, активности на отворено и патувања.

„Стабилна атмосфера со многу сонце и само повремена облачност е карактеристична за саботата, без најави за врнежи,“ информираат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој ќе го освежува воздухот и ќе придонесе за пријатно чувство и покрај благото зголемување на температурите.

Според прогнозата, минималните утрински температури ќе се движат од 5°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе достигнат од 18°C до 23°C.

В недела ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена облачност, што го прави денот совршен за престој во природа и дружење на отворено.

„Ќе имаме стабилно и потопло време во недела, со температури кои на места ќе достигнат до 25°C,“ информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој ќе придонесе за пријатна топлина во текот на денот, особено во рамничарските и јужните делови на земјава.

Според прогнозата, утринските температури ќе се движат од 4°C до 10°C, додека дневните ќе достигнат вредности меѓу 20°C и 26°C.

Continue Reading

Македонија

ВИДЕО: Се степаа возачи во долгите колони на „Табановце“, за влез во Македонија се чека два часа

Published

on

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот премин „Табановце“ за влез во Македонија, а според сведоштвата на луѓе кои по 18 часот ја поминале границата, се чека повеќе од два часа.

Читатели на „Слободен печат“ велат дека се создала голема нервоза помеѓу возачите, а имало дури и неколку физички пресметки. Тие ни испратија снимка од еден од овие инциденти, причинети од расправии за место во долгите колони.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк