(Видео) Пациент кој боледува од рак со солзи во очите пред Онкологија: „Греота е ова што го прават на народот“

Велешанецот Ване, кој првично имал дијагноза рак на дебело црево кој се проширил и на белите дробови и црниот дроб, пред камерите на „Канал 5 ТВ“ раскажа што чувствува откако дознал дека полицијата влезе на Онкологија и собира документи за да може да се потврдат сомнежите и наводите дека дел од лековите за болните се краделе и се препродавале на црно.

„Верувам дека знаат, тоа е гребење, по коските, по нервите, не го доживеале, греота е ова што го прават на народот“, раскажал Ване со солзи во очите.

Тој, иако има само пофални зборови за неговата докторка онколог, вели дека одамна е загубена довербата во здравството.

Со Ване денеска пред Онкологија имаше редица пациенти и нивни блиски, кои велат дека ако се даваат раствори наместо лек, зошто да чекаат со часови и да молат за лек.

Помладите пак, велат дека не знаат што да очекуваат кога не се сигурни дали се тие терапии оние кои ги примале.

https://youtu.be/RP4T5-Ycprk