Владиката Петар ги прогласи новинарите за фанаридиоти, а Партениј го нарече теле

Скандалозно, на моменти конфузно и неповрзано, но генрално полно со деструктивност и антихристијански, звучеше вчера Владиката Петар во обраќањето по интронизацијата на Јован за нов Митрополит на МПЦ-ОА на Крушево и Демир Хисар.

Владиката Петар, кој генерално е познат по своите навредливи проповеди, обликувани со доза на лажен патриотизам, го искористи чинот на интронизација повторно да го нападне валидиката Партениј и новинарите.

Обвинувајќи го за „гуру духовништво“, Владиката Петар го спореди отец Партениј со Теле на кои му се поклонувале верниците, индиректно навредувајќи илјадници верници во Македонија.

Новинарите пак кои ги следат состојбите во МПЦ-ОА и критички ја опсервираат работата на Црквата, Владиката Петар ги нарече „Фанаридиоти“ кои ја резнебитувале Црквата, додека тој и некои други владици ја чувале.

Стилот и реториката на Петар не е за изненадување и ниту е прв пат да ги навредува новинарите и владиката Партениј, ниту пак е последен пат на литургии да го воспева својот лажен патриотизам во кој тој живее.

Она што сериозно загрижува е конфузноста во говорот и неможноста владиката сам да ја прати својата мисла, па на моменти реди зборови кои не формираат логични реченици. Триумф на ваквиот конфузен говор е дека ќе ги обединел Москва и Фанар.

Ако владиката Петар не е незнајниот семоќен пророк на 21 век, тогаш Синодот на МПЦ-ОА има сериозен предизвик во одлуката за иднината на Преспанско-пелагониската епархија. Владиката Петар е во години, и ниту е страшно, ниту е срамно да замине в пензија, достојно како и што управуваше со епархијата 42 години.

Извор: религија.мк

https://youtu.be/NxPchRfvoaU?feature=shared