Георгиевски реагира за патиките кои Перо Антиќ му ги подари на Вучиќ: Симболот од кој се тресевме до 2001 година, сега како верност за српскиот свет

Екс премиерот и лидер на ВМРО – Народна партија Љубчо Георгиевски преку Фејсбук реагираше на вчерашниот гест на претседателот на КФМ Перо Антиќ кога на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ му подари патики со српски обележја.

-Четири С, многу убав македонски идентитетски поклон од претседателот на Македонската кошаркарска федерација до претседателот на Србија. Симболот од кој се тресевме до 2001 година, а сега како верност кон српскиот свет, напиша Георгиевски на Фејсбук.

Вчера српскиот претседател по средбата со Антиќ кој дел од професионалната кошаркарска кариера ја помина во Србија објави видео на кое го покажува подарокот од Антиќ.