Connect with us

Македонија

Затвореник во Идризово им зел 4000 евра на полициски командири, им ветувал дека ќе ги вработи во МВР

Управата за извршување на санкции на извршила вонреден наздор во казнено-поправниот дом „Идризово“, по поплаки од двајца командири, кои се пожалиле од двајца затворски полицајци дека им се заканувале, а кои полицајци пак, пријавиле дека му дале мито на едниот затвореник, а тој ветувањето не го реализирал, пренесува СДК.мк

Затворениците Тони Денковски и Јанко Јаневски тврделе дека од затворските полицајци се под закани по живот, рекет и уцени. Двете службени лица признале дека платиле мито од 4.000 евра за да бидат преместени на работа во МВР, но не дека се заканувале поради неисполнување на ветеното.

Службените лица од Управата разговарале и со осуденото лице Јанко Јаневски кој тврдел дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција. Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа.

За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица.

Целата вест на СДК.мк

Македонија

Ахмети: Јас ја уништив Југославија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска на брифинг со новинарите испрати жестоки пораки до политичките опоненти, но и до „незадоволните“ во своите редови. Тој најави нови, ригорозни услови за влез во идна влада, вклучувајќи промена на начинот на избор на Влада и Уставни судии, а истовремено упати отворена закана доколку биде приморан да го активира „Планот Б“.

„Не сум претставник на мачки, туку на лавови“

Можеби најсината порака од брифингот беше неговото предупредување за тоа што би се случило доколку политичката ситуација не се развива според „Планот А“ (развој и напредок).

„Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови“, дециден беше Ахмети.

Во свој стил, тој се осврна на своето минато, тврдејќи дека никој во Македонија не го познава национализмот подобро од него.

„Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981 – 2001“, рече лидерот на интегративците.

Нови услови: Бадентер во Уставен и двојно мнозинство за Влада

Ахмети постави нови „црвени линии“ за идните коалицирања. Тој бара нов „Национален договор за развој“, но со конкретни системски измени:

  1. Избор на Влада: Да се воведе принцип на „двојно мнозинство“ (Бадентер) при изборот на владин кабинет.
  2. Уставен суд: Бадентеровиот принцип да се применува и при одлучувањето во Уставниот суд.

Според него, ова ќе биде услов за учество во какво било идно управување со државата. Тој додаде дека Охридскиот договор е компромисен и не е совршен, оставајќи простор за негова надградба.

„Кој сака нека си оди“

Во однос на внатрепартиските турбуленции по 5-тиот Конгрес, Ахмети покажа ноншалантност. Тврди дека незадоволството е сведено на „две-три лица“ кои останале без функции.

„Оние кои си одат затоа што немаат функции, нека си одат“, порача Ахмети, додавајќи дека Абдил Селам Селами веќе се извинил и останува лојален на партијата.

За Села, Тачи и бизнисмените

Ахмети ги коментираше и односите во „Европскиот фронт“:

  • За Мендух Тачи: Има договор и тоа не му штети на Фронтот.
  • За Зијадин Села: Ахмети смета дека Села се обидува да изгради сопствениот идентитет бидејќи се чувствува во сенка на ДУИ, но не верува во шпекулациите дека Села ќе го поддржи Невзат Бејта за градоначалник на Гостивар.

Лидерот на ДУИ упати критики и кон стопанските комори, обвинувајќи ги дека „создаваат поделби и ги поддржуваат олигарсите“.

За напролет, ДУИ најави нов, тематски конгрес, на кој ќе се дефинира новата идеолошка матрица на партијата по консултациите со базата.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Македонија

Магливо утро, дожд најавен навечер

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне, а особено кон крајот на денот и во текот на ноќта, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, додека на планинските предели дождот ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко, со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Continue Reading

Македонија

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на Македонија

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. 

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. 

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг