(Видео) Терор на аеродромот во Тел Авив: Патниците во страв

На аеродромот во Тел Авив е снимена сцена на апсолутен терор каде голем број граѓани се заглавени и поради сирените за ракетни напади лежат на земја и ги покриваат главите во страв од најлошото сценарио.

Се чини дека се е застанато, авионите се заглавени, а патниците со секоја измината минута се загрижени дека никогаш нема да можат да ја напуштат воената зона.

Уште поголема ескалација е забележана во последните неколку минути во Појасот Газа. Палестинската организација Хамас започна нов бран ракетни напади, лансирајќи 150 ракети кон Тел Авив, после израелскиот напад врз палестинската кула во Газа.

Всушност, Хамас излезе со соопштение на Телеграм, потврдувајќи го продолжувањето на жестоките напади со последниот офанзивен потег на Палестинците.

Во израелските воздушни напади претходно беа уништени три згради во населбата Ал Ринал во градот Газа, рекоа новинарите на АФП кои ги видоа трите кули високи над десет ката, се уриваа една по друга по експлозиите.

Израелската војска соопшти дека погодила „две високи згради“ со воздушни напади, обвинувајќи ја „терористичката организација Хамас“, која е на власт во Газа, дека ја штити својата воена инфраструктура „во срцето на населението“ на палестинската енклава.

Армијата нагласи дека ги предупредила жителите пред нападите и „побарала од нив да ја евакуираат областа“.

Во меѓувреме, бројот на загинати драстично се зголеми во Појасот Газа, при што израелските жртви достигна 200, како и кај Палестинците 200. Четворица Палестинци, вклучително и едно 13-годишно дете, беа убиени претходно на окупираниот Западен Брег, како што објави Ал Џезира. На мрежата Х се објавени деталите за малолетното дете.