Гордана Јанкуловска излегува на слобода

Апелациониот суд Скопје ѝ ја уважи жалбата на Гордана Јанкуловска, со што ја ослободува од затвор. Како што се наведува, таа ќе излезе од затвор на 1 ноември.

„Постапувајќи по кривичниот предмет КР-133/23, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, а ја уважи жалбата на осудената Гордана Јанкуловска од Скопје, при што Решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи и ја отпушти осудената на 01.11.2023 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело“ се наведува во соопштението.