Почина кралот на сарказмот – Метју Пери (Видео)

Познатиот актер Метју Пери, кој беше еден од ѕвездите на „Пријатели“, е пронајден мртов во својот дом, објавија американските медиуми. Тој имаше 54 години.

Извори од полицијата изјавиле за „Лос Анџелес тајмс“ дека Пери бил пронајден од екипите за итни случаи онесвестен во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес. Обидите за реанимација биле неуспешни.

Полицискиот службеник во Лос Анџелес, Дрејк Медисон, рекол дека отишле таму „поради истрага за смртта на маж на возраст од 50 години“.

Портпаролот на противпожарната служба на Лос Анџелес, Брајан Хемфри, рекол за „Ен-би-си“ дека тие први реагирале во куќата во Пацифик Палисадес во 16:07 часот поради „итна опасност од вода“ од непознат вид. Никој не бил пренесен во болница, додал тој.

Пери беше најпознат по тоа што го играше саркастичниот Чендлер Бинг во многу популарната серија на „Ен-би-си“ „Пријатели“, која се емитуваше 10 сезони, од 1994 до 2004 година. Улогата му донесе номинација за наградата Еми во 2002 година.

Во таа серија тој глумеше заедно со Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Лиза Кудроу и Дејвид Швимер.

Видео:

https://youtu.be/QjnmPazw9EI?feature=shared