Connect with us

Македонија

Се трага по Љупчо Палевски – Палчо, го поврзуваат со случајот на убиената Вања

Published

on

Љупчо Палевски – Палчо е лицето по кое се трага, а го поврзуваат со киднапирањето на Вања Ѓорчевска, дознава „Скопје1“. Тој во моментов е надвор од Македонија. Палчо имал контакти со останатите осомничени во групата, а тие го посочиле кога биле приведени. „Скопје1“ поседува и фотографии од останатите лица, кои во итнерес на истрагата нема да ги објави во овој момент.

Тој е претседател на движењето „Трета“ кое беше негово политичко здружување. Станува збор за лице кое беше јавно експонирано, а имаше и свои поткасти.

Трите лица кои се уапсени се сеуште на распит, по што ќе бидат спроведени во Кривичен суд. Ќе се бара притвор. Неофицијално, приведени се и други лица чии поврзувања во моментов се проверуваат.

Целта на киднапирањето на Вања Ѓорчевска била изнуда, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Вмешан бил и член на потесното семејство кој учствувал во изнудата, брифираат извори. Убиството било извршено со пукање од огнено оружје кон Вања.

Македонија

ВИДЕО: Се степаа возачи во долгите колони на „Табановце“, за влез во Македонија се чека два часа

Published

on

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот премин „Табановце“ за влез во Македонија, а според сведоштвата на луѓе кои по 18 часот ја поминале границата, се чека повеќе од два часа.

Читатели на „Слободен печат“ велат дека се создала голема нервоза помеѓу возачите, а имало дури и неколку физички пресметки. Тие ни испратија снимка од еден од овие инциденти, причинети од расправии за место во долгите колони.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Македонија

ЧЕТИРИ ПОЛНИ ЛЕНТИ ЗА ИЗЛЕЗ ОД МАКЕДОНИЈА Започна велигденската миграција кон Грција

Published

on

Според видеоснимката од безбедносната камера поставена на преминот, се гледаат четири полни ленти со возила кои чекаат за излез од земјата.

На граничниот премин „Богородица“, денеска попладне се создаде значителна гужва, откако голем број македонски граѓани тргнаа на пат кон соседна Грција, каде ќе го поминат продолжениот велигденски викенд.

Според видеоснимката од безбедносната камера поставена на преминот, се гледаат четири полни ленти со возила кои чекаат за излез од земјата.

Патниците главно се семејства и помали групи кои го користат празничниот период за одмор, најчесто на грчките плажи и викенд-дестинации како Паралија, Лептокарија, Олимпик Бич Олимпик Бич, Неи Пори…

Продолжениот празничен викенд ќе трае до понеделник, а засилен сообраќај назад во земјата се очекува во недела попладне и понеделник навечер.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја презентираше резултатите од четиридневната посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), на која пред инвеститорите беа изложени повеќе инфраструктурни проекти, како што се оние од транспортот, енергетиката и туризмот. Меѓу проектите кои привлекле внимание се коридорите 8 и 10, како и инвестиции во Охрид, Попова Шапка, Чебрен и Галиште.

„Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија и работиме на тоа да се најдеме на мапата на светските инвеститори“, истакна премиерот Мицкоски.

Во изјавата, Мицкоски истакна дека оваа посета, која ја оствари со тимови од Владата и неговиот Кабинет, беше исклучително успешна и ќе претставува значаен чекор напред за македонската економија.

„Разговаравме за инфраструктурни проекти, вклучувајќи ги коридорите 8 и 10, и важното продолжување на коридорот 10-д. Понатаму, дискутиравме за инвестиции во туризмот, особено за нашиот бисер – Охрид, но и за Попова Шапка како важен туристички потенцијал“, додаде Мицкоски.

Тој истакна дека биле разгледувани и можности за изградба на значајни проекти во градежништвото кои ќе станат препознатливи не само во Македонија, туку и на Балканот и пошироко.

„Истовремено, дискутиравме и за инвестиции во енергетиката, посебно хидроцентралите на Река Црна – Чебрен и Галиште, како и потенцијалот за нови соларни и ветерни капацитети“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека посетата е оценета со највисока оценка, како економски така и политички успех, бидејќи повторно се воспоставува близок однос со Обединетите Арапски Емирати, по долгата пауза во соработката.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк