Connect with us

Македонија

Мајката на убиената Вања: Несфатливо ми е како и зошто моето прекрасно девојче е во гроб, сега важно ми е да ја знам вистината

Несфатливо ми е како и зошто моето прекрасно девојче е во гроб, сега важно ми е да ја знам вистината, вели мајката на Вања Ѓорчевска која беше убиена во атарот на селото Бразда, Зорица, за српска „Република“. Оваа е нејзина прва изјава по смртта на девојчето.

– Не можам да зборувам. Сè уште не знам зошто се случи ова. Сè уште го чекам епилогот од сето ова. Сè уште не ми е јасно зошто мојот најнормален живот се претвори во пекол, вели Зорица во интервјуто, кое го пренесува „Макфакс“.

– Просто ми е несфатливо како и зошто моето прекрасно девојче сега е во гроб. Имам хронична болест, но се држам, важно ми е да ја знам вистината, а другата ќерка моментално е болна, сите се надеваат дека ќе биде добро. Ве молам, премногу ве замолувам да почекаме додека не дознаеме зошто се случило тоа, рече таа.

Зорица за поранешниот сопруг вели дека биле во добри односи, но разведени веќе пет години.

– Ништо не знам. Сето ова ми е нереално. Но, веќе пет години сме разведени и не знам што правеше и со кого. Бевме во добри односи поради децата. Не се расправавме за старателство, за воспитување, му дозволуваа да ги гледа кога сака или кога сакаат децата, рече Зорица.

Таа понатаму наведува дека не знае дали нејзиниот поранешен бил во коцкарски долгови, бидејќи не му се мешала во животот.

– Не знам и не ме интересираше неговиот живот. Мојот живот беа моите деца и мојата работа. Остана сам за да ме остави на мира. Секогаш кога разговаравме, зборувавме за децата. Ве молам, не ми поставувајте повеќе прашања бидејќи си поставувам многу прашања зошто се случи ова. И чекам да дознаам, рче таа.

Таа им порача на новинарите да не ја прашуваат ништо за нејзината друга ќерка и како таа се справува со сето тоа. Таа дури и нема да каже колку години има.

– Ве молам не ме прашувајте за другото дете. Сега ми е најважно да ја заштитам, вели Зорица и додава дека има најголема можна доверба во полицијата.

Вања Горчевска беше киднапирана и убиена на 27 ноември, а меѓу петмината осомничени е и нејзиниот татко. Ова е првпат да се огласи мајката на Вања откако беше пронајдено телото на убиеното девојче.

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг