30 дневен притвор за струмичанецот кој го транспортираше Палевски до Турција

Кривичен го прифати барањето на обвинителството за 30-дневен притвор на струмичанецот, кој од Белград преку Бугарија го траспортирал првоосомничениот Палевски до Турција, каде беше уапсен.

Палевски, кој е  осомничен за грабнувањето и убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски беше фатен во турскиот град Баликесир.

Првоосомничениот за злосторството најпрвин во Белград го однел неговиот адвокат,  Васко Стојков кој мислел дека осомничениот имал закажан лекарски преглед. Потоа Димковски, кој сега е во притвор го пренел во Бугарија и оттаму во Турција.  Димковски беше фатен на граничниот премин кај Дојран.

Димковски, според пишувањата во некои медиуми, додека го превезувал Палевски не знаел дека е осомничен  за убиствата и бил искористен од него. Тој на Фејсбук споделил и фотографија од Турција, објавена утрото на 3 декември.