Connect with us

Инфо +

Државата му должи на ЕВН 60 милиони евра, 3 години не е платен денар на име субвенционирана струја

Published

on

Министерката за енергетика Сања Божиновска на денешната прес-конференција кажа дека ЕСМ е во многу лоша состојба и ќе бидат потребни финансиски средства за справување со грејната сезона. Министерката дополни дека тоа е причината зошто од септември месец се набавуваат големи количини електрична енергија.

Следните седум дена ќе правиме точен енергетски биланс и се надеваме дека ќе ги имаме точните бројки за потребна електрична енергија. Сето тоа зависи и од хидрологијата. Во моментов акумулациите се полни само со 24 отсто што воопшто не е во ред, меѓутоа може да се наполнат акумулациите ако ноември е дождлив. Што се однесува за финансии – со премиерот имаме дискутирано и тука, иако не е финализирано, имаме добри шанси да набавиме финансиски средства. Се уште немаме разговарано како, но ќе бидат домашните банки – рече Божиновска.

Министерката рече дека кон ЕВН има голем долг кој не е платен во изминативе 3 години, но дека се договориле тој да се исплаќа повеќе години.

Изминатите три години не е платен ниту денар на име субвенционирана струја. Тоа што го гледавме на сметките дека владата го покрива како трошок на граѓаните не е платено. Сметката стигна сега. 60 милиони евра е долгот во однос на ова што го имаме. Разговаравме со ЕВН за долгот. Тие се свесни за состојбата на нашиот буџет кажаа дека ова не е нешто што треба да се врати за една или две години и дека се спремни да дискутираме. Знаат дека тоа ќе биде долгорочно – додаде Божиновска.

Македонија

БОЖИНОВСКА: СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ

Published

on

На вчерашното гостување на поткаст на тема „Жените во енергетиката“, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска  истакна дека во текот оваа година, Скопје ќе биде домаќин на меѓународен настан во организација на регионална комисија на Обединетите нации. На овој настан се очекува присуство на повеќе од 500 експерти од светот на енергетиката, а министерката ќе ја искористи можноста да организира настан, панел дискусија со наслов жени во енергетиката.

На прашање како да се охрабрат жените да земат поголема улога во енергетиката, рударството и минералните суровини, министерката Божиновска истакна „Во 2008 година кога соработував со земјите од регионот, само во Грција и Босна и Херцеговина имаше жени на раководни места. 15 години подоцна половина од државите во овој регион веќе има жени на клучни позиции. Гледам голем просперитет. Во Србија, министер за енергетика е жена, во Албанија, министер за енергетика и вицепремиер е истотака жена, а и во Косово има министерка за енергетика.“.

Во текот на изминатиот период Божиновска била присутна на доделувањето на инжинерски прстен, кој се доделува под покровителство на Претседателката Силјановска – Давкова, и била пријатно изненадена што поголемиот број на добитници биле жени. Истотака, при соработката со електротехничкиот факултет забележала дека поголемиот број од студентите биле жени што е за поздравување. 

Во однос на родовата застапеност во министерството министерката Божиновска потенцира дека „Моментално имаме 74 вработени и 38 од нив сме жени.“.

„Јас сметам дека жените имаат поинаков пристап од мажите. Секогаш ја цитирам Маргарет Тачер којашто кажува дека ако сакате нешто да се зборува викнете маж, меѓутоа ако сакате нешто да се сработи викнете жена“ – изјави Божиновска. 

Според досегашното искуство од работењето на Министерството кај жените раководители има поинаков пристап, со повеќе разбирање и повеќе можности за поинаку да се пристапи на проблемот. 

Пред гостувањето на поткастот, министерката информираше дека одржала состанок со претставничка на ОН и на состанокот имало шест присутни и сите од нив биле жени и постигнале согласност за многу важни прашања и заклучиле дека биле многу ефикасни и ефективни, веројатно и поради тоа што се жени.

Continue Reading

Македонија

Ристовски: Брвеница доби ново мултифункционално спортско игралиште

Published

on

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, го пуштија во употреба новото мултифункционално спортско игралиште во Брвеница.

„Брвеница сега има модерно фудбалско игралиште со вештачка трева и трибини за 200 гледачи, како и ново кошаркарско игралиште со полипропиленски под за официјални натпревари. Ова е значаен напредок за спортската инфраструктура во регионот и на целата земја“, изјави Ристовски.

Министерството за спорт продолжува со активни инвестиции во подобрување на спортските услови низ Македонија, инвестирајќи во иднината на македонскиот спорт и создавајќи услови за развој на младите таленти.

„Ова е само еден од многуте проекти кои ја демонстрираат нашата заложба за унапредување на спортската инфраструктура и вложување во иднината на спортот во Македонија“, додаде министерот.

Continue Reading

Македонија

Паднаа големци од МВР поднесени кривични пријави

Published

on

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ж. Т. во својство на Помошник Министер во Министерството за внатрешни работи и  против А. С во својство на Раководител на Сектор за набавки, менаџмент и логистика во Министерството за внатрешни работи поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ од член 353 ст.4 вв ст.1, од Кривичниот Законик, на Република Северна Македонија.

Првопријавениот Ж. Т. во својство на Одговорно лице, Помошник Министер при Министерството за внатрешни работи на РСМ, неизвршувајќи ги своите службени овластувања свесно и со однапред утврдена намера, не донел Одлука за јавна набавка од отворена постапка за набавка на Услуги за сервисирање на возилата во сопственост на МВР во 2018 година иако бил донесен План за дополнување на Годишен план за да се спроведе истата во декември 2018 година, не презел дејствија за навремено отпочнување и објавување на редовна постапка и ја загрозил безбедноста на вработените во Министерството за внатрешни работи со што ги довел возилата во состојба на дефектажа и неможност истите да се сервисираат на начин што не донел одлука во најбрз можен рок по носење на новиот Годишен план за јавни набавки за 2019 година и со тоа свесно ги довел сите во состојба на итност за со намера да се спроведе итна постапка донесувајќи Одлука за спроведување на итна постапка со преговарање без објавување на оглас за Поправка и сервисирање на ПМВ и ТМВ во која постапка биле испратени покани само на одредени економски оператори.

Второпријавената А. С. во својство на Началник на Секторот за набавки, менаџмент и логистика при Министерството за внатрешни работи на РСМ чија должност била да ги спроведува Одлуките донесени од Помошник Министерот, истата иако била должна да задолжи лице кое ќе објави оглас за јавна набавка од отворена постапка, не го сторила тоа и на тој начин не овозможила на други заинтересирани економски оператори да учествуваат во истата постапка, врз основа на што првопријавениот Ж. Т. склучил рамковна спогодба по итна постапка со преговарање без објавување на оглас на кој начин првопријавениот заедно со второпријавената овозможиле противправна имотна корист за носителите на набавката Коп Компани ДООЕЛ Скопје, Пржо Автокомплекс ДООЕЛ Битола, Аутомакедонија АД Скопје, ДТУ Авто сервис Раде ДООЕЛ увоз-извоз с. Теарце Тетово и МИ – ДА Гранд Моторс ДОО Скопје, по 9.440.000,00 денари поединечно за секој правен субјект односно вкупен износ од 47.200.000,00 денари со ДДВ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк