Connect with us

Инфо +

Филков – Кристоф Ле Риголер: Франција преку свои експерти ќе помага во процесот на реформи во правосудството

Published

on

Министерот за правда Игор Филков денеска имал средба со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, на која се разговарало за соработката меѓу двете земји во областа на правосудството, проектите и реформската агенда.

Амбасадорот Риголер, како што соопштија од Министерството за правда, ги поздравил плановите на министерот Филков за реформи и изразил подготвеност Франција да помогне во сите процеси со различна помош, вклучувајќи и експертска, со цел подготовка за членство во Европската унија.

Во таа насока, министерот Филков информирал дека од 16.09.2024 година започна ангажманот на француски експерт, Сесилиа Мароние која има големо искуство во правосудната област. Од наша страна, се посочува во соопштението, се  обезбедени сите предуслови за овозможување на нејзина непречена работа.

– Како особено значајна беше истакната и соработката со судијата за врска што е во Белград и аташето за внатрешна безбедност на Скопје кои со своите активности помагаат во спроведувањето на реформите, се вели во соопштението од Министерството за правда.

На средбата се дискутирало и за законодавната агенда на Министерството за правда, најавите за отпочнување јавни расправи за Предлог измените на законите за Судски совет и за Јавно обвинителство, како и за Развојната секторска стратегија за правосудството (2024-2028).

Филков и Риголер се обврзале на продлабочување на соработката во периодот што следи и зајакнување на билатералните односи, пренесе МИА.

Македонија

ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИ, ВАУЧЕРИ, БОНУСИ: Дали работодавачите ќе бркнат „подлабоко“ во џебот за да ги задржат квалитетните работници?

Published

on

Зголемување на плати, делење на награди, бонуси, можности за работа од дома, скратено и флексибилно работно време. Се смета дека сето ова ќе помогне работниците да се чувствуваат дека се вреднувани, во ситуација кога има одлив на работната сила од државата. Некои работодавачи нудат бонуси за своите вработени по повод верски празници, годишнини од основањето на фирмата и слично. Граѓаните велат дека работниците мора финансиски да бидат стимулирани за да не си заминат од земјава.

„Работникот прво мора да ја сака својата работа, да работи посветено, но и газдата треба да го награди со некој бонус. Не мора секој месец, но кога има некој повод, да додели бонус или нешто како 13-та плата“, вели граѓанка. 

Друг постар човек чии три деца се иселиле, објаснува дека газдите треба да бидат подарежливи и според него, неколкупати годишно треба да ги наградат работниците со бонуси.

Целиот текст на Faktor.mk

Continue Reading

Македонија

Приведен е хирург од Битола за земање поткуп

Published

on

policija

Во вторникот, во 17 часот, во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 64-годишниот М.С., лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола.

Тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, односно дека по завршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од битолско.

Кај него биле пронајдени и одземени парите, кои претходно биле обележани.

Основното јавно обвинителство Битола соопшти дека против осомничениот е поведена постапка.

„Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 3 и став 2 од Кривичниот законик“, соопшти ОЈО Битола.

Сомнението произлегува од фактот дека осомничениот, се вели во соопштението, на 27 јануари, како лице кои вршело работи од јавен интерес, односно како доктор – хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, извршил интервенција – операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почестел за извршената работа.

Синот во просториите на болницата, во плик му дал на осомничениот 3 банкноти од по 50 евра. Откако осомничениот ги примил, му бил извршен претрес и овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.

Continue Reading

Македонија

Костадиновски: Подобри услови за учениците во ПОУ во с. Туденце

Published

on

Градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиновски, ја потврди посветеноста на локалната самоуправа кон унапредување на образовната инфраструктура со целосно реновирање на надворешниот дел на Подрачното основно училиште во село Туденце.

Со средства од општинскиот буџет, успешно беа реновирани сите наставни кабинети, а училиштето доби и целосно нова фасада. Овој проект значително ги подобри условите за учениците и наставниот кадар, овозможувајќи поквалитетна и попријатна средина за едукација и работа.

„Продолжуваме да ги исполнуваме дадените ветувања и да инвестираме во иднината на нашите деца“, изјави Костадиновски.

Овој проект е дел од пошироката стратегија на Општина Јегуновце за подобрување на условите во образовните институции, со цел да се создаде модерна и функционална средина за учениците и наставниот персонал.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк