Connect with us

Македонија

Дефиле во Битола – лицата со телесен инвалидитет бараат подобра пристапност до институциите

Published

on

Членови на Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Битола, Демир Хисар и Ресен бараат подобра пристапност до институциите и практична наместо декларативна поддршка за нивните барања.

На денешното дефиле по Широк сокак кое се одржа под  мотото „Се движам, значи постојам“, лицата со телесен инвалидите посочија дека се подготвени да придонесуваат за заедницата доколку таа им возврати.

-Манифестацијата ја организираме со цел да ја мотивираме заедницата, локалната и централната власт, за да се сетат на нашите проблеми и потреби на лицата со телесен инвалидитет. За нас единствена и најголема пречка претставува непристапноста до јавните објекти. Нема мобилност, нема движење без пристапност. За жал на сите наши апели институциите одговараат декларативно, односно не ги одбиваат нашите барања и се за, но потоа ништо не реализираат. Годинешното мото на манифестацијата е „Се движам, значи постојам“ затоа што ако лице со телесен инвалидитет не се движи, тоа значи и дека не постои. Лицата со инвалидитет имаат голем интелект, слобода во умот, можат да творат и придонесуваат и затоа заедницата треба да ни излезе во пресрет, истакна примариус д-р Нико Јанков, претседател на здружението „Мобилност“.

Според Билјана Тодоровска, членка на здружението „Мобилност“, најголема пречка за лицата со телесен инвалидитет е непристапноста на улиците во Битола.

-Во 21.век, во оваа 2024 година, нема пристап до улиците во градот. Единствен пристап имаме само на Широк сокак, а на друго место не, затоа што има високи тротоари и високи барикади. Пристапот до институициите и посебно до културните институции е невозможен. Низ градот, до маркети, користам превоз електричен скутер и тоа ми помага, но не е доволно затоа што бариерите се многу големи, посочи Тодоровска, учесничка на дефилето.

За учесниците на дефилето, членови на литературниот клуб „Изгрев“ од Демир Хисар приредија поетско читање со избрани творби пишувани на тема „Чекориме во ритамот на пишаниот збор

Македонија

Хирург фатен како бара мито на пациент во Клиничка болница

Published

on

Хирург и началник на Одделение во битолската Клиничка болница вчера бил фатен земајќи мито од 150 евра од пациент, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нивните информации, хирургот најпрвин ги побарал парите на пациентот, кој подоцна случајот го пријавил во полиција и синоќа лекарот бил фатен со бележани пари.

Се очекува случајот денес да се најде во билтенот на Министерството за внатрешни работи.

„Фокус“ стапи во контакт и со новата директорка на болницата, доктор Ненси Лозанче, која ја потврди информацијата.

„Да, точна ви е информацијата. Ќе има и официјално соопштение од болницта“, истакна таа во изјава за „Фокус“.

Целиот текст со клик ТУКА.

Continue Reading

Македонија

По скандалот со барање мито се огласија и од Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола

Published

on

Соопштение од Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола:

“Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола е запозната со случајот од страна на СВР -Битола и ги охрабрува истражните органи да постапат транспарентно и законито. Како Клиничка болница се оградуваме од постапката на посочениот доктор. Категорично сме против и силно ја осудуваме секоја намера на здравствен работник да оштети пациент на било кој начин и во било која форма. Во овој случај, итно е спроведена постапка за смена на докторот од раководната позиција во Болницата, а во консултација со Министерството за здравство и постапка за суспензија додека трае процесот на истражните органи, секако според важечките законски прописи!”, велат од таму.

Continue Reading

Македонија

ГЕРОСКИ: КОГО КАЗНУВААТ БОЈКОТИРАЧИТЕ?

Published

on

Не сакам да ви го убивам ентузијазмот пред најавениот бојкот на маркетите в петок, но морам да кажам дека не ми е јасно која е целта на бојкотирачите и кого сакаат тие да казнат:

  • маркетите кои држат високи цени на производите?
  • маркетите кои остваруваат високи приходи и високи профити?
  • неименувани виновници за генералниот пораст на цените?

Прочитајте ја анализата на порталот pari.com.mk и ќе сфатите дека нештата не се така едноставни како што изгледаат.
Така, во последните неколку години највисок пораст на приходите и на профитите имаат синџирите маркети Кипер, КАМ и Стокомак.
Не сум правел анализа на цените на производите во овие маркети, но верувам во општата перцепција дека во нив можат да се купат поевтини производи отколку во маркетите на Веро или Тинекс.
И нормално, као последица на тоа, во маркетите кои држат пониски цени има повеќе муштерии, приходите се поголеми, а со тоа и профитите.
Ако е така, не ми е јасно – зошто граѓаните сакаат да ги казнат маркетите во кои пазаруваат по најниски цени?
И не ми е јасно зошто “алчни профитери” ги нарекуваат маркетите кои нудат производи по најниски цени, а ете, остваруваат најголем раст на профитите?
Или, зошто би биле “алчни профитери” Веро и Тинекс, на пример, кои немаат толку висок раст на профитите и на пазарот се профилираат со некои други вредности со кои ги привлекуваат муштериите?
Ако, пак, овој протест е против поскапувањата на производите воопшто, зарем некој сериозно мисли дека за тоа се виновни “алчните трговци”, а не, на пример, политиките на постојано зголемување на платите (пред се во метастазираната администрација), со што се покренуваат инфлаторните спирали?
Пак ќе речам, не сакам да ви го убивам бојкотирачкиот ентузијазам. Не ми е јасно што ќе донесе бојкотот, но еве го петок, па ќе дознаеме после.
Исто така, сакам да предупредам дека со упатувањето на анализата на pari.com.mk не фаворизирам ниту еден синџир маркети. Со задоволство влегувам и во КАМ, но и во Веро и Тинекс, од неодамна и во Кипер во комшилук. Навраќам и во малите маалски маркети.
Мислам дека сите тие успешно се борат за место на пазарот, поради што Македонија е добро снабдена со стоки за широка потрошувачка.

Напиша Бранко Героски на својот facebook профил.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк