Connect with us

Свет

Сите зборуваат за голема војна, Американците стационирале 40.000 војници, воените бродови се на клучни позиции, пристигнуваат и „Раптори“.

Соединетите Американски Држави ја зајакнуваа својата воена присутност на Блискиот Исток во текот на изминатата година, а наскоро ќе пристигнат и воздушни засилувања, пишува американската медиумска куќа CNN, давајќи преглед на позициите на кои се наоѓаат американските сили, подготвени да му помогнат на сојузникот Израел и да ги заштитат американските интереси во регионот.

„Никогаш нема да се двоумиме во заштитата на нашите сили и интереси на Блискиот Исток и во поддршката на одбраната на Израел и нашите партнери во регионот“, повтори неодамна американскиот министер за одбрана Лојд Остин, откако американските сили повторно интервенираа за да му помогнат на Израел во одбраната од ирански напад. Ова беше втор пат оваа година американските сили да му помагаат на Израел во пресретнување на ракети од Иран.

Аналитичарите истакнуваат дека американската поддршка на Израел е клучна за безбедноста на таа земја, без оглед на супериорноста на израелската воена обука, опрема, финансии и разузнавачки апарат во споредба со соседните земји. Дополнително, американските сили делуваат како средство за одвраќање од напади врз Израел, кој од своето основање постои во непријателско опкружување. На 1 октомври, во вторник, два американски морнарички разурнувачи во источниот Медитеран испукале околу 12 пресретнувачи со цел да запрат речиси 200 ирански проектили, испукани кон Израел како одмазда за нападот на Либан. „Горд сум на вештините и храброста на американските сили“, коментираше тогаш Лојд Остин.

Американските сили беа и сами мета во повеќе наврати претходно оваа година. Локални милитантни групи, кои главно се финансирани од Иран, изведуваа напади со низок интензитет врз американски цели во Ирак и Сирија. Овие напади се намалиле во последните месеци, пишува CNN. Сепак, регионот денес е на работ на бездната, со невидена ескалација на конфликтот.

До август, вкупниот број на американски војници на Блискиот Исток беше околу 40.000. И покрај тоа, САД сака јасно да стави до знаење дека пообемни напади би предизвикале силен одговор.

На почетокот на август, Пентагон најави испраќање на ударна група носачи на авиони „Абрахам Линколн“ (USS Abraham Lincoln Carrier Strike Group – CSG) во регионот, која пристигна подоцна во текот на месецот. Ударната група се состои од илјадници морнари и маринци, распоредени на три разурнувачи и авијациското крило на носачот на авиони. На почетокот на октомври, носачот на авиони Линколн, неговото авијациско крило (кое се состои од осум ескадрили) и О‘Кејн, еден од разурнувачите со водени проектили кои се дел од ударната група, се наоѓале во Оманскиот Залив. Воените бродови „Спрјуанс“ и „Френк Е. Петерсен Џуниор“, исто така разурнувачи со водени проектили кои се дел од ударната група, оперирале во Црвеното Море. Ударните групи како „Абрахам Линколн“ претставуваат клучни компоненти на американската поморска моќ.

Advertisement

Свет

Трагедија во Русија: Воен транспортен авион Ан-22 се урна, сите патници загинаа

Москва, 9 декември 2025 – Руски воен транспортен авион се урна во северниот регион Иваново, соопшти руското Министерство за одбрана. Во авионот се наоѓале седум лица, сите загинале, јави дневниот весник „Комерсант“.

Во моментот се спроведува операција за пребарување и спасување во ненаселеното подрачје.

Се работи за авионот „Антонов Ан-22“, развиен во 1960-те години за време на советската ера. Според медиумските извештаи, ова бил последниот авион од овој тип што го користела руската војска. Ан-22 е наменет за транспорт на голем воздушен товар и за падобрански операции.

Министерството за одбрана соопшти дека авионот се урнал за време на редовен лет по извршени поправки, а причините за несреќата се предмет на истрага.

Continue Reading

Свет

Песков: Тврдењата за воена агресија на Путин кон НАТО се целосна глупост

Москва, 9 декември 2025 – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска категорично демантираше тврдењата на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз или да нападне земја членка на НАТО.

„Тоа не одговара на реалноста“, рече Песков, нагласувајќи дека Путин повеќепати јавно истакнал дека обновување на Советскиот Сојуз е невозможно. „Да се зборува за тоа е непочитување кон нашите партнери, сојузници од ЗНД и другите форми на интеграција. Очигледно, господинот Мерц не знае за тоа“, додаде портпаролот на Кремљ.

Во однос на наводните подготовки за напад врз НАТО, Песков ја нарече оваа теза „целосна глупост“ и повика јавноста да се информира од примарниот извор – самиот претседател Путин.

Портпаролот исто така ги коментираше и мировните преговори во Украина. На новинарско прашање за контакти меѓу Русија и САД по средбата на Путин со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џеред Кушнер, Песков потврди дека Русија е во постојан контакт со американската администрација и очекува резултати од дискусиите за мировниот план со украинската страна.

Continue Reading

Свет

Во Австралија социјалните мрежи забранети за деца под 16 години

Од полноќ по локално време, во Австралија официјално стапи на сила забраната за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години. Според новите правила, платформите како Инстаграм, ТикТок и Јутјуб мора да ги блокираат сметките на малолетни корисници или ќе се соочат со казни што можат да достигнат до 33 милиони долари, јавува Ројтерс.

Мерката доби силна поддршка од родителски организации и активисти за заштита на децата, кои ја сметаат за неопходен чекор за заштита на најмладите од штетни содржини и онлајн ризици. Од друга страна, технолошките компании и застапниците за слобода на говорот ја критикуваат мерката како претерано рестриктивна.

Оваа законска забрана претставува прв конкретен обид да се регулира пристапот на деца до дигиталните платформи и се смета дека може да стане модел и за други земји кои разгледуваат имплементација на слични ограничувања.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг