Connect with us

Спорт

Што се случува во ФФМ?

На денот на собирот на македонските фудбалери пред натпреварите со Летонија и Ерменија, досегашниот спортски директор Дени Масев објави дека се повлекува од функцијата.

Масев се огласи со реакција во која ја образложува својата одлука. Неговото заминување е поради несогласувања со водечките луѓе и како што вели федерацијата во овој момент е приватизирана од страна на претседателот Муамед Сејдини и неговиот заменик Ракиџиев.

„Жал ми што на ваков начин и во овој момент, пред почеток на подготовките на репрезентацијата се обраќам до јавноста, но веројатно за сè треба да има почеток и крај. Од денеска веќе нема да бидам во функција на македонската репрезентација. Причините се длабоки, но се сведуваат на мојот однос со претседателот Сејдини и потпретседателот Ракиџиев. Федерацијата се сведува на сè, но најмалку на интересот за некаков развој на македонскиот фудбал.

Јас како човек кој беше директен сведок и на најголемиот успех на репрезентацијата имам право да го кажам својот став. Жал ми е за тимот и фудбалерите, но едноставно понекогаш треба да се зборува отворено, па макар тоа да предизвика и негативна реакција. Тврдам дека веќе подолг период Федерацијата е буквално приватизирана. Интерсот е присутен само за првите двајца луѓе, претседателот Сејдини и неговиот заменик Ракиџиев. Во Управниот одбор има чесни луѓе, но, за жал, не се запознаени со работите кои носат интерес само за Сејдини и Ракиџиев. За Сејдини и оваа Ќуќа на фудбалот, јас лично се заложив на секој можен начин.

Од работи поврзани со А репрезентацијата, моја базична обврска, па сè до приходи за ФФМ остварени преку контакти со деловни луѓе и компании. Дури и влегов во отворен конфликт со блиски пријатели. Сметам дека сега е време да ги менуваме работите. Со оглед на тоа дека пред нашите фудбалери и пред репрезентацијата се многу важни натпревари со Летонија и Ерменија, јас како Дени Масев нема во овој момент гласно да ги посочам големите проблеми и манипулации во Федерацијата, за која сум подготвен да ги обелоденам по двата споменати дуела од Лигата на нациите. Во периодот кој следува еднаш засекогаш треба да се расчисти со милионските суми кои се трошат на сè само не за доброто на фудбалот. Од фамозните трансакции до хотелот ‘Куќа на уметноста’, па сè до т.н. инфраструктурни „проекти“ во Велес и Македонија и до вработувањата во Федерацијата“, стои во неговата реакција.

Advertisement

Спорт

КОНКУРС за идејно решение за изработка на пехар за шампион на Македонија во ПРВА МФЛ

Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за избор на најдобро идејно решение за новиот пехар наменет за шампионот на Македонија во Првата фудбалска лига.

Целта на конкурсот е да се изработи современо, препознатливо и автентично уметничко решение кое ќе ја симболизира традицијата, енергијата и победничкиот дух на македонскиот фудбал.

Право на учество:

Право на учество имаат: академски уметници, дизајнери, студенти на ликовни академии, архитекти, скулптори и други лица со креативен визуелен израз.

Секој учесник може да конкурира со најмногу три идејни решенија.

Учесниците треба да достават:

Кратко образложение за концептот на пехарот.

Визуелна презентација: скица, 3D рендер, технички цртеж или макета (фотографии).

Предлог материјали, висина и форма на пехарот.

Контакт информации.

Критериуми за избор

Креативност и оригиналност

Препознатлив македонски визуелен идентитет

Функционалност и издржливост

Можност за реализација

Естетика и симболика

Рок и начин на доставување

Идејните решенија се доставуваат електронски на:ffm@ffm.com.mk или во архивата на ФФМ (бул. АСНОМ 21) најдоцна до 15. март 2026.

Continue Reading

Спорт

ПСЖ и Фламенго во финалето за Интерконтиненталниот куп

Вечерва во 18:00 часот, на стадионот „Ал Рајан“ во Катар, во големото финале на Интерконтиненталниот куп, силите ќе ги одмерат Пари Сен Жермен и Фламенго. Французите го бркаат својот прв светски трофеј во историјата, додека Бразилците сакаат да се вратат на тронот по пауза од цели 44 години.

Тимот на Луис Енрике пристигнува во Доха со амбиција конечно да ја круниса својата европска доминација со глобален печат. Како актуелни шампиони на Европа, ПСЖ имаа привилегија на директен билет за финалето, но патот до овој момент не беше без трње. Се уште се под впечаток од летниот пораз од Челзи (0:3) во финалето на Светското клупско првенство, а притисокот е зголемен и поради неизвесната трка во домашното првенство каде Ленс им дише во врат.

Сепак, токму во Катар започна нивната златна серија со триумфот над Монако, а со враќањето на Усман Дембеле и голманот Лукас Шевалие, Енрике верува дека ќе успее да го земе трофејот. Единствен голем хендикеп останува отсуството на брзоногиот Ашраф Хакими.

Од другата страна стои „црвено-црната“ лавина од Рио де Женеиро. Фламенго преживува ренесанса под палката на Филипе Луис. Откако во само седум дена ги покорија Бразил и Јужна Америка (Копа Либертадорес), сега нивниот нишан е насочен кон светот.

Навивачите на Фламенго со децении го прераскажуваат митот за 1981 година и лекцијата одржана на Ливерпул (3:0). Денешниот тим, предводен со тактичката дисциплина, сака да го повтори тој подвиг. Иако настапот на голгетерот Педро е под знак прашалник, Фламенго покажа дека знае како со европските гиганти, потсетувајќи на неодамнешната победа над Челзи (3:1).

Continue Reading

Спорт

Бразилецот Да Силва потпиша за Вардар – новитет во редовите на скопскиот гигант

Ракометниот клуб Вардар повлече значаен стратешки потег во пресрет на клучниот дел од сезоната. Жоао Педро да Силва (30) е новиот бек на линијата на „вардарци“. Неговиот ангажман, кој ќе трае две и пол сезони, е потврда за долгорочната визија на управата за враќање на врвот.

Стручниот штаб во Да Силва гледа профил на играч кој носи брзина, интелигентни решенија и потребна разновидност во офанзивата. Со оглед на тешките предизвици во Лига Европа кои следуваат во февруари и март, како и домашниот плеј-оф, Бразилецот доаѓа како клучно засилување во вистински момент. Неговата промоција во Скопје е закажана за почетокот на идната година, кога ќе бидат финализирани и последните детали од соработката.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг