Connect with us

Скопје

20-годишно момче избодено со нож во парк во Сарај

Published

on

Сарај

Момче од скопското село Крушопек вчера било пронајдено рането во паркот во Сарај, а според неговата изјава, го нападнало непознато лице, кое го повредило со нож, соопшти МВР.

„На 07.10.2024 во 18.08 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека во парк во с.Сарај, скопско, со повреди од остар предмет бил пронајден З.Ш.(20) од с.Крушопек, скопско. Лицето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, а според неговата изјава, околу 16.30 часот во парк во Сарај едно лице го нападнало со остар предмет и му ги нанело повредите“, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Published

on

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.02.2025 (вторник) од 06.00 часот поради најавен настан за организирано чествување на раѓањето на Гоце Делчев, што ќе се одржи во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот, односно за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (Виадукт-Самоилова) до крстосница со ул.„Прохор Пчински“.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Кисела Вода станува центар на нови инвестиции

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави уште една значајна капитална инвестиција – изградбата на Home Retail Park, првиот и најголем ритејл парк во Македонија. Оваа инвестиција, вредна 15 милиони евра, ќе биде лоцирана во индустриската зона Пинтија, во близина на Стаклара, и ќе се простира на површина од 35.000 м².

Според Ѓорѓиевски, овој проект ќе внесе нова динамика во локалната економија, создавајќи 300 нови работни места и отворајќи 20.000 м² модерен комерцијален простор. Граѓаните ќе имаат можност да најдат сè што им е потребно за својот дом – мебел, домашни апарати, декорации, градинарска и бањска опрема. Покрај тоа, комплексот ќе располага со 600 паркинг места, како и модерни кафетерии и ресторани.

„Вложувањата од ваков обем го потврдуваат фактот дека Кисела Вода станува сè попосакувана дестинација за бизнисите. Ова не е само инвестиција во објект, туку инвестиција во иднината, во подобар начин на живеење и во економскиот раст на нашата општина“, истакна Ѓорѓиевски.

Отворањето на Home Retail Park е предвидено до крајот на 2025 година, а според Ѓорѓиевски, ова е само почеток на поголема трансформација на Кисела Вода во еден од најдинамичните делови на Скопје.

Continue Reading

Скопје

Таткото на Фросина: Судии, обвинители, проценители и извршители направија аукциска куќа – „Кој ќе плати повеќе мито, тој добива“

Published

on

Tаткото на трагично загинатата Фросина – Тодор Кулаков вечерва од пред македонското Собрание порача дека „Судии, обвинители, проценители и извршители направија друштво за надавање како аукциски куќи „Кој ќе плати повеќе мито тој добива“.

Голем број граѓани мирно протестираа од Универзална сала, поминаа кај Министерството за правда, па кон Собранието со крајна точка – Кривичен суд.

На транспарентите што дел од граѓаните ги носеа со себе пишува – „Безбедноста е право, не луксуз“, „Улиците не се тркачки патеки“, „Судии ослободете ја правдата“, пишува на некои од транспарентите. Маршот го предводат родителите и сестрата на Фросина, додека присутните носат црни маички на кои стои „Правда за Фросина“.

Триминутен молк имаше и пред Кривичен суд, исто како и пред Собранието и на Партизанска.

22-годишната Фросина Кулакова пред четири дена беше прегазена од дваесет годишниот Васил Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин на Партизанска.

На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк