Тројца мажи вчера пријавиле дека биле искасани од бездомни кучиња на скопските улици.
Седумдесетгодишен скопјанец бил каснат од куче во Аеродром, додека три години помлад скопјанец бил мета на куче скитник во Маџари.
Во Шуто Оризари пак, триесет и осумгодишен маж бил каснат од бездомно куче.
