Во еден момент само се срушил, на малолетник на Октоберфест му го спасувале животот. Германските медиуми се прашуваат…

Низ жедните грла на 6,7 милиони посетители на овогодинешниот Октоберфест поминале околу седум милиони кригли пиво, што е околу 0,2 милиони помалку кригли (секоја од 1 литар) во споредба со истиот период минатата година, додека гостилничарите бележат зголемување на храната од околу девет проценти, известува Германската новинска агенција (dpa).

Иако поради преземените мерки за безбедност Октоберфест е помирен и со помалку интервенции на медицинските служби, сепак не може да се каже дека медицинарите мируваат.

Во неделата така итната медицинска служба морала да интервенира затоа што еден 16-годишник се срушил откако испил шест кригли пиво, пишува Феникс-магазин.