Connect with us

Македонија

Филипче: Муртезани постојано го демантира Мицкоски за наводната поддршка за уставни измени со одложено дејство

Published

on

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека во Владата има спротивставени ставови за евроинтегративните процеси на Македонија и тоа е уште поголема причина за собраниска седница на која премиерот Мицкоски треба да ги каже плановите на Владата за напредокот на земјата. Филипче смета дека спротивставените ставови на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, се потврда за неспособноста на Владата да обезбеди јасен план за евроинтегративниот процес на државата.

„Многу најави има од премиерот за некаква поддршка од некои држави, за менување на преговарачката рамка, нешто што наводно би ја подобрило нашата положба во процесот на евроинтеграции. Меѓутоа сето тоа е обвиено со мистерија и не знаеме никакви детали. Премиерот има обврска тоа да го соопшти, прво пред Собранието, пред народните избраници а понатаму и пред граѓаните. Да знаеме, сега кога еднострано го запре евроинтегративниот пат, нешто за што сметам и ќе повторам, нема никакво право, ниту политичко, ниту етичко, морално, напротив има обврска пред граѓаните да го продолжи тој пат којшто го очекува огромно мнозинство на граѓаните, и потврдено преку огромната поддршка на граѓаните на сите анкети направени досега наназад. Тоа е местото каде што се дискутира“-изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Филипче истакна дека во Собранието треба да се расчистат овие „дисонантни тонови“, бидејќи тоа е местото каде што треба да се дискутира за иднината на државата и клучните прашања во врска со патот на Македонија кон Европската унија. 

„Жалам што неговиот министер Муртезани го демантира во неговите најави и изјави дека наводно има некаква поддршка да се донесат уставни измени со одложено дејство. Самиот министер кажа дека воопшто во ЕУ во ниту една држава нема расположение за таква работа.
Сметам дека тие конфузни изјави, тие дисонантни тонови во Владата коишто оставаат впечаток дека таму владее една целосно бесперспективност, мора да се расчистат во Собранието. Мора да знаеме кој е планот на Владата ако воопшто го има и како ние ќе го продолжиме евроинтегративниот пат“-изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој додаде дека СДСМ секојдневно покажува конструктивност по прашањето за продолжување на евроинтегративниот пат на државата, но за жал одговор од премиерот во таа насока нема.

Македонија

Мицкоски со поддршка за ракометарите: И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци!

Published

on

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски им изрази поддршка на македонските ракометари.

-И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци! Одиме понатаму, по следен триумф, за кого???

За Македонија!, пишува во поддршката на Фејсбук премиерот Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

КАКО СЕ ТРОШЕЛЕ ПАРИТЕ: Во 2023 ДАЛЕ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА за „зелена зона“ во Гевгелија за која нема интерес

Published

on

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони платила преку половина милион евра за студија за формирање на „зелена зона“ со јавно-приватно партнерство во Гевгелија, за што потоа се испоставило дека нема интерес од приватни оператори, објави Фактор. 

Како што наведуваат во 2023 биле исплатени 30.342.000 денари, а претходно уште 1.129.000 денари за консултантски услуги од „Моравчевиќ Војневиќ и Партнери АСД Белград“ за изработка на комплетна документација за избор на партнер за Јавно-приватно партнерство ТИРЗ Гевгелија. Ова е наведено како фуснота во извештајот на независниот ревизор за работењето на Дирекцијата.

Управниот одбор на Дирекцијата која управува со слободните индустриски зони лани на 17 мај донесува „Одлука за поништување на постапка за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, финансирање, изградба, управување и одржување на Технолошко-индустриска развојна зона Гевгелија“. Истата одлука потоа е прифатена и од Владата на 26 ноември.

Од Дирекцијата за ТИРЗ за Фактор соопштиле дека во 2024 немало исплати кон оваа консултантска куќа, но и се покажало дека нема интерес од потенцијални приватни партнери за преговарање околу проектот.

Тогашниот директор на ТИРЗ изјави дека во согласност со новиот концепт на ТИРЗ за привлекување инвестиции, индустриската развојна зона Гевгелија ќе се фокусира на поддршка на зелените индустрии во согласност со зелената агенда на ЕУ, а покрај производствените компании во зоната ќе има можности за инвестиции поддржани од државата во секторот на здравствени услуги. 

– Целта е некаде до крајот на годината, откако ќе добиеме повратен одговор од потенцијалните корисници или од сите други заинтересирани страни, да ја финализираме студијата и очекуваме некаде на почетокот на наредната година да ја презентираме на Владата, истакна Деспотовски.

Извор: Вечер.мк

Continue Reading

Македонија

ДУИ се распаѓа во САРАЈ – Изет Меџити им ги презема клучните луѓе (ДЕТАЛИ)

Published

on

Претседателот на Демократското движење Изет Меџити вечерва објави дека речиси го преземал општинскиот органок Сарај на ДУИ од Блерим Беџети во Демократското движење.

-Вистинскиот начин е обединување на чесните сили!

Секој ден, нашето патување станува се посилно, бидејќи се повеќе наши бестрашни врсници и поранешни партнери се приклучуваат на нашата праведна визија.

Денес, со задоволство можам да објавам дека значајни личности и основачи на ДУИ се приклучуваат на Демократското движење, огранок во Сарај:

• Зеко Абази – основач на Собранието на ДУИ-Сарај и член на Надзорниот совет.

• Мухамет Хоџа – поранешен портпарол на Владата на РМ и член на огранокот на ДУИ-Сарај.

• Јонуз Метуши – Претседател на Младински форум ДУИ-Сарај.

• Хатиф Шабани – Претседател на Локалниот совет на ДУИ-Чајлане.

• Бујамин Шабани – Припадник на огранокот Свиларе.

• Дрита Фета – Координаторка на Форум на жени ДУИ-Сарај.

Овие поединци се силни столбови кои дадоа неверојатен придонес низ годините и сега избраа да бидат дел од нашето патување.

Ги повикувам сите активисти на ДУИ и чесни структури да ни се придружат во овој искрен и праведен напор за подобра иднина.

Добредојдовте на патот на правдата и промените!

Заедно сме посилни, заедно ја градиме иднината!, објави Изет Меџити од коалицијата Вреди.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк