Connect with us

Македонија

Голф удрил во пензионерка на паркинг

На 08.10.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(44), удрило во пешакот З.Е.(72), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Е., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Advertisement

Македонија

Инцидент на аеродромот во Скопје: Едно лице во полиција, десет патници не добија дозвола за влез

Вистинска драма се одвивала на Меѓународниот аеродром Скопје синоќа. Агресија, алкохол и целосно непочитување на правилата биле во центарот на инцидентот што го пријавиле екипажот и службите од аеродромот и граничната полиција.

Околу 20:30 часот, во СВР Скопје пристигнало известување за вистински хаос во авион кој штотуку пристигнал од Словачка. Група навивачи во алкохолизирана состојба, за време на летот, но и по самото слетување, тие агресивно се однесувале, целосно ги игнорирале правилата и создавале немир, вознемирувајќи ги сите околу нив.

Полицијата веднаш интервенирала на местото на настанот. Како резултат на преземените мерки, еден од насилниците, Л.Т. (38) од Словачка, е приведен и ќе се соочи со соодветна пријава по документирање на случајот.

Но, тука не е крајот. Поради сериозни безбедносни причини и нивното недолично и агресивно однесување, на дополнителни 10 словачки државјани – дел од истата група – им е забранет влезот во земјата.

Полицијата соопшти дека овој инцидент е решен со брза реакција, со што е спречено натамошно нарушување на јавниот ред и мир од страна на проблематичните навивачи.

Continue Reading

Македонија

Проблеми со казните откриени при тестирањето на новите црвени таблички преку „Сејф сити“

Во директно телевизиско гостување, директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Ивица Томовски, фрли светлина врз задкулисните детали за новите, впечатливо црвени регистарски таблички на службените возила.

Томовски обелодени дека црвените таблички биле ставени на „жежок тест“ пред да бидат официјално пуштени во употреба, и тоа преку моќниот систем за видео-надзор „Сејф сити“ (Безбеден град)! По успешното „снимање“ на пробната фаза, најави Томовски, започнала и нивната изработка.

Но, токму тестирањето го извади на виделина неправилниот дел на системот, откривајќи неверојатен логистички прекршок. Имено, прекршочните пораки од „Безбеден град“ не стигнуваат директно до Владата, туку – до лизинг-компаниите од кои се набавени возилата!

„Тоа значи дека дел од казните, како на филмска лента, прво се слеваат кај нив, а потоа се пренасочуваат до СОЗР!“ – констатира Томовски.

Директорот Томовски е дециден: „Сметам дека треба да плаќа оној што го направил прекршокот, а не компанијата!“

Поради овој проблем кој ја комплицира наплатата, Томовски најави дека Владата итнo разгледува можни законски измени со цел да се стави крај на оваа бирократска патека на парите.

А што е со најавената идеја за инсталирање на ГПС-уреди за сателитско следење во службените возила?

Томовски сепак вели дека конечната одлука за оваа контроверзна мерка ќе зависи исклучиво од анализата на резултатите од „Сејф сити“ и реалните потреби на институциите.

„Ќе почекаме да видиме дали тоа навистина ќе биде неопходно“, заклучи Томовски, оставајќи ја можноста за тотална контрола отворена.

Continue Reading

Македонија

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“: одбраната излезе со нови наводи

Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, продолжува денес во КПУ „Идризово“. Денешното рочиште, кое започнува во 9:30 часот, е резервирано за воведниот говор на одбраната на еден од 37-те обвинети – Шефкет Хазири, службено лице од Министерството за економија.

Судскиот процес се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, членови на семејствата на жртвите и голем број претставници на медиумите.

Вчерашниот ден беше одбележан со воведните обраќања на одбраните на поранешните министри за економија и поранешните директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Сите тие категорично ја негираа вината, тврдејќи дека нивните институции немале ниту надлежност ниту можност да го спречат трагичниот исход. Како единствена причина за катастрофата ја посочија несоодветната и незаконска употреба на пиротехника во затворен простор.

Одбраната на Крешник Бектеши потенцираше дека не постои причинско-последична врска меѓу неговите службени обврски и пожарот, нагласувајќи дека Министерството за економија нема инспекциски ингеренции.

Одбраната на Ваљон Сараќини истакна дека издадените лиценци не дозволувале објектот да работи како дискотека, да прима прекумерен број посетители или да користи пиротехнички средства.

Поранешниот директор на ДЗС, Аднан Џафероски, го оцени обвинението како правно неосновано, а неговата адвокатка посочи дека обвинителниот акт е „попис претворен во обвинение“ без фактичка поврзаност со пожарот. „Совеста ми е чиста“, изјави Џаферовски.

Поранешниот директор Шабан Салиу тврдеше дека ДЗС никогаш не добила никаква документација или барање поврзано со работата на „Пулс“ во периодот од 2012 до 2017 година.

Претходно, својот воведен збор го имаа сопственикот на дискотеката Дејан Јованов, сопственикот на ММММ Кафе Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и сопственикот на објектот Гроздан Милковски. Дел од нив, исто така, ја оспорија основаноста на обвинението.

Тимот од 15 обвинители од Обвинителството најави дека доказната постапка ќе покаже оти „Пулс“ бил „смртоносна стапица“ уште од своето отворање, како директна последица на систематски пропусти и институционална негрижа.

Во наредните рочишта се очекуваат и воведните обраќања на останатите обвинети: службениците од Министерството за економија – Николовски, Хаџиу, Касапи и Чекиќ Дуровиќ, како и пазарните инспектори Ампов, Евтимова, Кузмановска и Митев. Својот ред го очекува и Александар Нацев, сопственик на агенцијата „Рубикон“, чиј предмет беше споен со овој.

Во предметот за катастрофалниот пожар се обвинети вкупно 37 лица – меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг