Connect with us

Македонија

Уставниот суд донесе одлука за укинување на „балансерот“

Published

on

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Одлуката нема да важи ретроактивно. 

Повеќе за одлуката, како што е највено, ќе информира претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната 27. Седница. 

Уставниот суд на 18 септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно  место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се  нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавниот сектор – (Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Законот за административни службеници – (Член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“), Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор – (член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3 член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор – (член 3 став 1 алинеја 8), како и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување. 

Македонија

Мицкоски со поддршка за ракометарите: И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци!

Published

on

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски им изрази поддршка на македонските ракометари.

-И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци! Одиме понатаму, по следен триумф, за кого???

За Македонија!, пишува во поддршката на Фејсбук премиерот Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

КАКО СЕ ТРОШЕЛЕ ПАРИТЕ: Во 2023 ДАЛЕ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА за „зелена зона“ во Гевгелија за која нема интерес

Published

on

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони платила преку половина милион евра за студија за формирање на „зелена зона“ со јавно-приватно партнерство во Гевгелија, за што потоа се испоставило дека нема интерес од приватни оператори, објави Фактор. 

Како што наведуваат во 2023 биле исплатени 30.342.000 денари, а претходно уште 1.129.000 денари за консултантски услуги од „Моравчевиќ Војневиќ и Партнери АСД Белград“ за изработка на комплетна документација за избор на партнер за Јавно-приватно партнерство ТИРЗ Гевгелија. Ова е наведено како фуснота во извештајот на независниот ревизор за работењето на Дирекцијата.

Управниот одбор на Дирекцијата која управува со слободните индустриски зони лани на 17 мај донесува „Одлука за поништување на постапка за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, финансирање, изградба, управување и одржување на Технолошко-индустриска развојна зона Гевгелија“. Истата одлука потоа е прифатена и од Владата на 26 ноември.

Од Дирекцијата за ТИРЗ за Фактор соопштиле дека во 2024 немало исплати кон оваа консултантска куќа, но и се покажало дека нема интерес од потенцијални приватни партнери за преговарање околу проектот.

Тогашниот директор на ТИРЗ изјави дека во согласност со новиот концепт на ТИРЗ за привлекување инвестиции, индустриската развојна зона Гевгелија ќе се фокусира на поддршка на зелените индустрии во согласност со зелената агенда на ЕУ, а покрај производствените компании во зоната ќе има можности за инвестиции поддржани од државата во секторот на здравствени услуги. 

– Целта е некаде до крајот на годината, откако ќе добиеме повратен одговор од потенцијалните корисници или од сите други заинтересирани страни, да ја финализираме студијата и очекуваме некаде на почетокот на наредната година да ја презентираме на Владата, истакна Деспотовски.

Извор: Вечер.мк

Continue Reading

Македонија

ДУИ се распаѓа во САРАЈ – Изет Меџити им ги презема клучните луѓе (ДЕТАЛИ)

Published

on

Претседателот на Демократското движење Изет Меџити вечерва објави дека речиси го преземал општинскиот органок Сарај на ДУИ од Блерим Беџети во Демократското движење.

-Вистинскиот начин е обединување на чесните сили!

Секој ден, нашето патување станува се посилно, бидејќи се повеќе наши бестрашни врсници и поранешни партнери се приклучуваат на нашата праведна визија.

Денес, со задоволство можам да објавам дека значајни личности и основачи на ДУИ се приклучуваат на Демократското движење, огранок во Сарај:

• Зеко Абази – основач на Собранието на ДУИ-Сарај и член на Надзорниот совет.

• Мухамет Хоџа – поранешен портпарол на Владата на РМ и член на огранокот на ДУИ-Сарај.

• Јонуз Метуши – Претседател на Младински форум ДУИ-Сарај.

• Хатиф Шабани – Претседател на Локалниот совет на ДУИ-Чајлане.

• Бујамин Шабани – Припадник на огранокот Свиларе.

• Дрита Фета – Координаторка на Форум на жени ДУИ-Сарај.

Овие поединци се силни столбови кои дадоа неверојатен придонес низ годините и сега избраа да бидат дел од нашето патување.

Ги повикувам сите активисти на ДУИ и чесни структури да ни се придружат во овој искрен и праведен напор за подобра иднина.

Добредојдовте на патот на правдата и промените!

Заедно сме посилни, заедно ја градиме иднината!, објави Изет Меџити од коалицијата Вреди.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк